14.05.2020
Во тек се подготовки за реотворање на двата аеродроми
Во тек се подготовки за реотворање на двата аеродроми
ТАВ Македонија се подготвува за отворање на аеродромите во државава, во исчекување на точен датум и одлука од надлежните институции.
Од компанијата во разговор за Стандард откриваат дека ќе се следат меѓународните искуства, препораки и упатства за враќањето на аеродромските операции по ситуацијата. Физичката дистанца меѓу патниците во терминалната зграда на аеродромот, ќе се постигне со мерки кои ќе осигураат дека луѓето стојат или седат на пропишаната дистанца.
Авиокомпаниите ќе мора да ги обештетат клиентите за откажаните летови поради пандемијата |
“ТАВ Македонија ги следи меѓународните искуства, препораки и упатства за враќањето на аеродромските операции, како и националните прописи во цивилното воздухопловство, и истите ќе ги имплементираме во делот на нашите надлежности. Согласно моменталните мерки на аеродромите кои сè уште се отворени и дискусиите на експертите – хигиенските мерки кои веќе ги применуваме ќе бидат интензивирани, а мерки на социјално дистанцирање ќе бидат имплементирани во текот на целиот процес на патување на еден патник“, велат од ТАВ.

Од компанијата објаснуваат дека физичката дистанца меѓу патниците во терминалната зграда на аеродромот, ќе се постигне со мерки кои ќе осигураат дека луѓето стојат или седат на пропишаната дистанца, од нивното влегување во аеродромот, преку сите аеродромски процедури, сè додека не се качат во авион.
“Сè уште е рано да се зборува конкретните детали на сите овие промени, бидејќи чекаме официјални инструкции од надлежните државни здравствени и воздухопловни институции. Како што знаете, од почетокот на кризата, Министерството за здравство правеше преглед на патниците во доаѓање со помош на термална камера и термометар. Дали и како – овој дел кој се однесува на здравствената состојба на патниците, ќе се промени, сè уште не знаеме. Штом добиеме информација од државата, ќе ги информираме патниците и јавноста. Што се однесува до нашите надлежности, како аеродромски оператор, во првата фаза од новите мерки ќе биде најважно да се практикуваат интензивирани хигиенски и санитетски мерки, со цел да се спречи влез и ширење на вирусот во терминалната зграда сè до авионот. Од почетокот на кризата, ние веднаш почнавме зачестено да дезинфицираме. Ќе продолжиме во таа насока и за тоа транспарентно ќе ја информираме јавноста, затоа што знаеме колку е чувствителна оваа тема за патниците и сакаме тие да се чувствуваат безбедни“, објаснуваат од ТАВ.
Од компанијата велат дека во тек се подготовките за реотворање на двата аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.
ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВА: Нови правила за летање поставени од авиокомпаниите |
“Како аеродромски оператор, ние се подготвуваме за реотворање на двата аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, и покрај тоа што во овој момент сè уште не го знаеме точниот датум, бидејќи чекаме официјална информација од Владата. Како што знаете, вонредната состојба трае до 16-ти мај, но во овој момент не знаеме дали и границите и аеродромите ќе бидат отворени веднаш после овој период. Веднаш штом добиеме официјална информација, ќе ја информираме јавноста, патниците, споделувајќи ги сите важни информации со нив, во врска со идните патувања. Во однос на резервациите на авиобилети, не би можеле да кажеме, бидејќи продажбата на авиобилети не е наша дејност“, велат од ТАВ.
извор: biznisinfo.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови
Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро
kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.