02.02.2023

Организираме тимски лов на тартуфи во Македонија

Организираме тимски лов на тартуфи во Македонија

Тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска на нашата платформа е достапна уште една уникатна локална тура која е ново уникатно искуство за сите во Македонија. Програмата можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.

Одиме во лов на тартуфи. Со дресирани и питоми кученца-трагачи, искусни ловци на тартуфи и подготвени вкуски специјалитети од тартуфи. Време е да започнеме да размислуваме за еднодневни пролетни прошетки во природа со нашето друштво, колеги, семејство. Зарем не?

Ваквите тури се организираат во околината на Скопските планини, како Кучково, Водно, Скопска Црна Гора, Катланово, а постои и можост да се организираат во други предели низ Македонија доколку има заинтересирани групи.


Има една јавна тајна која вели дека „Македонија е богата со тартуфи“, што е уште една причина да се вклучите во потрагата по вистинското природно богатство кое соодржи протеини, минерални соли и кој никогаш не предизвикува алергии.

Тартуфите се сметаат за едни од најздравите додатоци во исхраната кои играат важна улога во боргата против срцевите заболувања.

Јадењето тартуфи предизвикува добро расположение, поради што тие се препорачуваат на луѓе кои страдаат од стрес! А со нашите тури во природа, дегустацијата на таруфите и целодневната физичка активност, дефинитивно ќе заборавите на работниот стрес.


Тимскиот лов на тартуфи најчесто започнува во 10 часот, со кратко запознавање со основните принципи корисни за потрагата, како да се препознае тартуф, запознавање со водичите/ловците на таруфи како и со најбитните асистенти- дресираните кученца.

Повеќе информации за турите, фотографии и контакт за резервација можете да добиете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?