04.10.2020

Вилата со најромантичен поглед кон Беровско Езеро

Вилата со најромантичен поглед кон Беровско Езеро

Кајак.мк ве запознава со вилата „Lake Palace“ која се наоѓа на Беровско езеро. Според она што нашиот тим успева да го дознае од сите оценки од гостите во објектот, ова место особено се порепорачува на млади парови кои сакаат романтика и авантури.
Во описот на ова вила стои дека паркинг има за секого, Wi-Fi е бесплатно, а гостите можат да уживаат во заедничка дневна, градина во која има скара. 

Локацијата на вилата е оценета со оценка од 9,2 особено паровите.

Кајак.мк пред да ја посетите вилата ве информира да се запознаете со патот, условите на патот при патување, бидејќи надоаѓа период на дожд, што значи дека мора секогаш да се патува подготвен и со соодветно возило. 
Коментарите на гостите пишуваат дека местото е одлично, планинско место, вилата е опремена со се, секаков прибор во кујна, топла вода од соларно греење, централно греење и греалки во собите. 

Повеќето од гостите споменуваат дека сопственикот на вилата Александар е доста културен и услужлив. Дел од гостите имаат забелешка за водата, а дел за патот до самата вила. 

Повеќе информации и резервации можете да добиете со еден клик ОВДЕ.

Во крајниот источен дел на Македонија, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки  пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај.


Бисер на Малешевските Планини е Беровското Езеро. Ова вештачко езеро се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт.

Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата, со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти.


Сакате да ги погледнете сите вили кои ги имаме во нашата база? Тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.