28.06.2021

Престојувајте под ѕвездено небо во буриња стари 40 години

Престојувајте под ѕвездено небо во буриња стари 40 години

Доказ дека туризмот во Македонија добива нова димензија и дека полека но сигурно ги наоѓа вистинскиот правец за промоција на убавините на нашата земја, говори новата атракција на винарија „Тиквеш“. Од неодамна беа пуштени во употреба старите четириесет годишни буриња од винаријата, но наместо за складирање вино, овојпат тие се наменети за престој на гости.


Винаријата имплементираше идеја за развивање на алтернатиовниот туризам на уникатни вински микро локации во тиквешкиот регион. Целта на атракцијата е да им овозможат на гостите сместување под ѕвездено небо, но и да им овозможат на гостите да го почуствуваат лозарскиот живот и регионот во целост.

Ние разговаравме со Елена Младеновска Јеленковиќ која е дел од тимот на „Винарија Тиквеш“, таа се обиде да ни раскаже од раѓањето на идејата, па се до нејзината реализација.


Кајак.мк: Би сакале да ни раскажете од каде Тиквеш ја доби идејата за развивање на алтернативen туризам на уникатни вински микро локации во тиквешкиот регион? Како започна сето ова? Чиja е идејата и зошто се одлучивте баш na ваков начин да привлечете туристи љубеници на алтернативниот туризам?

Елена: Уживање во недопрена природа, автентично сместување и барем накратко живеење на руралниот живот – ова се дел од барањата на современите туристи. Ваквиот тип на луѓе се постојано во потрага по уникатни и неповторливи искуства, сакаат да ја пробаат локалната храна и пиење, да престојуваат на фарма, да се запознаат одблиску со руралното население и локалната култура. Ние како „Тиквеш вински туризам“, веќе некое време работиме на креирање квалитетна туристичка понуда, а во моментов се трудиме да ја ставиме Македонија на туристичката мапа за рурален, еко и агротуризам.


Водени од ваквите светски трендови, се инспириравме да направиме спој меѓу природната убавина која ги опкружува лозовите насади на Лепово и Барово, ресурсите и искуството од нашата винска дејност, и истите да ги преточиме во една неповторлива понуда за домашните и странски туристи. Најбитно ни беше да не го узурпираме просторот кој сакаме да го промовираме, туку напротив, целосно да се вклопиме во руралниот амбиент.

Во процесот на осмислување и реализација на проектот на Барово формиравме тим од технички лица кои ги најдоа најдобрите решенија како да се изведе адаптацијата на винските буриња. Се одлучивме да ги искористиме бурињата кои преку 40 години биле користени за одлежување на македонско вино, да им дадеме нов живот и намена со тоа што ќе ги приспособиме во уникатни сместувачки капацитети. Уште еден важен аспект беше монтажата на соларни панели, за да може од обновливи извори да се обезбеди електрична енергија во кампот од вински буриња. Проектот ги вклучуваше и останатите неопходни елементи што ќе овозможат удобен престој во кампот и што ќе направат секој посетител да се почувствува дека е едно со природата која го опкружува.


Адаптацијата на апартманите за сместување во Лепово беше поедноставен зафат, затоа што таму се наоѓа винарницата „Домен Лепово“, па еден кат од објектот беше прилагоден за престој, односно опремивме два апартмани и нова дегустациона сала. Сместувањето тука е уште едно неповторливо искуство за оние кои сакаат да уживаат во приватноста. Посетителите ќе можат да се препуштат во мирот и тишината и во пространиот поглед на лозовите насади што се протегаат наоколу. За „Домен Лепово“ е специфично што наскоро ќе стане органска винарница, а сместувачките капацитети, храната и услугата исто така ќе ја следат оваа определба.

На целиот проект работеше поширок тим во изминатите 3 години и истиот е поддржан од на потпроектот „Развој на еногастро туризам- Искуси ја Северна Македонија“ во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европската Унија администриран преку Светската Банка, а се спроведува преку Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжени за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.

Kajak.mk: Што може да добијат како искуство туристите кои ќе се одлучат да престојуваат во овие дрвени буриња? Како се изведува сето тоа? Каков е начинот на престој?
Дали во склоп на престојот има организирани вински тури преку кои гостите ќе може да се запознаат со винаријата Тиквеш?

Елена: Посетителите кои ќе престојуваат во бурињата на Барово ќе заспијат под ѕвездено небо а наутро ќе се разбудат и вљубат во погледот на лозјата облиени со сонце. Можностите се навистина неограничени и искуството е персонализирано за секоја група посетители според нивните барања и потреби.


За време на престојот доколку сакаат можат да имаат винска тура, да дегустираат вино впарено со домашно сирење и џем, да имаат пикник меѓу лозјата, да ги посетат блиските бачила, да имаат приватна работилница за копаничарство или за цртање со вино (техника Greisaille), дури и да имаат час по готвење со реномиран професионален готвач. Исто така, доколку ги посетат лозјата за време на сезоната на берба, тие ќе можат да им се приклучат на лозарите и заедно да го берат грозјето. Престојот и турите се во целост дизајнирани според замислата на посетителите, а ова се само дел од можностите кои ги нудиме.

Настрана од организираните активности за групите, секако дека постои и можноста овој предел да се истражува со пешачење или на велосипед. Единствено вака ќе може одблиску да се почувствуваат благодетите на недопрената природа.

Kajak.мк: Знаеме дека има и пешачки и велосипедски патеки? Па дали може нешто и околу тоа да ни кажете?

Елена: Велосипедските патеки на Барово се трасирани и обележани со соодветни  инфо табли, столбови и ознаки. Велосипедистите може да ја користат и апликацијата ridewithgps.com за време на нивната вело-тура.  

Се работи за три главно off- road патеки со различни карактеристики и тежина. Првата е средно лесна и е со должина од 11 километри. Почетокот и крајот се на лозовите насади Барово, а истата поминува низ лозјата и низ селото Барово.

Втората е со средна тежина и е долга 13 километри. Патеката поминува покрај селото Страгово, планинаски предел и лозовите насади Барово.

За најискусните има и трета патека која е средно- тешка и со должина од 42 километри. Таа поминува низ село Крњево, село Долна Бошава и Конопиште. Патеката излегува на висорамнината Витачево, продолжува покрај с. Страгово и завршува на лозови насади на Барово. Од поважните културно- историски знаменитости ги издвојуваме манастирот Св. Ѓорѓија во Крњево и манастирот Св. Атанасиј во општина Конопиште.


Кајак.мк: Каков е интересот за вашата нова атракција? Што велат турисите?
Елена: Драго ни е што веднаш по отпочнување со работа веќе имаме голем интерес за престој во бурињата на Барово, со оглед на тоа што сепак станува збор за невообичаена и изолирана локација. Веќе се покажа како погоден простор за тим билдинг активности на компаниите, но и за приватни собирања за помали групи. Особено ни е драго што пробудивме интерес и кај странски туристи и странски државјани кои престојуваат во Македонија. На пример, колку често слушате за ваши пријатели кои летуваат на Тиквешко езеро и целата опрема за престојот ја носат на своите велосипеди? Иако не е типична навика за домашните туристи, ваквите локации и начин на летување за странците претставуваат атрактивна понуда и уникатно доживување. Се надеваме дека и домашните туристи ќе бидат исто толку љубопитни и полека ќе почнат да ги менуваат патувачките навики во полза на домашниот рурален туризам.


За оние вински туристи кои повеќе преферираат да се запознаат со самата винарија во Кавадарци и да дегустираат вино во склоп на посетата, исто така нудиме нови атракции. На влезот од винарницата сега отворивме мултифункционален Вински бутик. Сакавме да создадеме простор со пријатна атмосфера каде посетителите ќе почувствуваат дека пиењето вино не е само вообичаена активност, туку еден вид на ритуал.


Покрај вообичаената продажба на вино, посетителите ќе можат да ги дегустираат производите од палетата на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domaines“. Дел од бутикот функционира како изложбено катче во кое се изложени архивски вина од долгата винска историја на ВВ „Тиквеш“, како и експонати од почва и лозници од трите ексклузивни вински микролокации Барово, Лепово и Бела Вода.

Во бутикот можат да се најдат и најразлични сувенири изработени од вештите раце на македонските занаетчии, а со нивното купување посетителите ќе придонесат кон развојот на локалното занаетчиство. Уште една функционалност на Винскиот бутик е туристичкиот инфо-центар, каде туристите, винските вљубеници и авантуристите можат да добијат корисни информации за понудите винските туристички дестинации во регионот – како на пример за престој во бурињата на Барово.

Остави Коментар

Коментари

  • Панче Видиков

    04.06.2022 17:42

    Би сакал да знам ако имате контакт од местото. Фала многу

  • Emilija jovanovska

    28.05.2022 14:40

    Dali se vo sklop na tikveska vinarija burinjata nemozam da najdam kako se stignuva do niv i ceni i telefon za kontakt i bukiranje

  • Виктор Панковски

    10.09.2021 16:06

    Ве молам за инфо како може да се резервира престој во бунгаловите во Барово/Лепово? Благодара

  • Христина Георгиевска

    29.07.2021 19:50

    Како можам да резервирам???

  • Викторија настоска

    06.07.2021 16:26

    Како и каде може да се резервира за кампот барово

  • Тим на Кајак.мк

    29.06.2021 08:48

    Драга Анита, имате одговор од нашиот тим на ваш приватен мејл кој ни го оставивте за контакт. Секое добро

  • Анита Минова

    28.06.2021 16:07

    Почитувани, ја пратам вашата страна и многу ми е мило дека има одлична/ разновидна понуда во Македонија... пред некој ден најдов интересна вила- горно Соње, окулу Скопје и испратив прашање со датум кога сум заинтересирана да букирам...ама еве два дена никаква реакција- и контакт лицето Давор, како што беше приложено, го прашав преку Вибер... Прочитана е пораката ама нема никаква реакција?! "Нема или не" е исто одговор... или ако нема одговор, значи нема место тој викенд? Благодарам. Анита

Прочитајте повеќе

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.

Нова планинска куќа во село П’клиште

Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.

Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна

Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.