19.06.2024

Дали сте слушнале за ресторанот „Планински Бисер“?

Дали сте слушнале за ресторанот „Планински Бисер“?

Знаеме дека повеќето во моментот би посакале да уживате среде зеленило под длабока сенка, под стотици години стари дрвја, додека температурата во градските средини е пеколна, вие да може да го поминете денот со ладен пијалак и добро друштво.

Тимот на Кајак.мк денеска ве води во планинскот бисер на Скопска Црна Гора, каде можете да вкусите разни специјалитети подготвени на традиционален начин, а воедно можете да вкусите свежа риба од рибникот на самиот ресторан.


Ресторанот „Планински Бисер“ се наоѓа на Скопска Црна Гора. Доволно е на Google Maps да го пронајдете село Бродец и самиот пат ќе ве одведе до ресторанот.


Ресторанот се наоѓа на надморска висина од околу 1000 метри, што го прави идеално место за бегство од летните горештини. Наша предлог агенда за да го исполните вашиот ден со физичка активност е да си организирате тура од местото викано Две Реки, па се до Чешма Бродец, кое вкупно пешачење трае околу 50 минути. По прошетката вашата агенда може да продолжи во ресторанот на ручек или вечера.


Овде можете да вкусите разни специјалитети, а комфорот ќе го уживате во текот на работната недела кога метежот по угостителските објекти е најслаб. Воедно, практикувајте телефонски резервации пред да посетите одреден угостителски објект.

Повеќе фотографии, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.