Ресторан Планински Бисер: Бродец, Скопска Црна Гора
Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефонРесторанот се наоѓа на надморска висина од околу 1000 метри, што го прави идеално место за бегство од летните горештини.
Тимот на Кајак.мк денеска ве води во планинскот бисер на Скопска Црна Гора, каде можете да вкусите разни специјалитети подготвени на традиционален начин, а воедно можете да вкусите свежа риба од рибникот на самиот ресторан.
Ресторанот „Планински Бисер“ се наоѓа на Скопска Црна Гора. Доволно е на Google Maps да го пронајдете село Бродец и самиот пат ќе ве одведе до ресторанот.
Ресторанот се наоѓа на надморска висина од околу 1000 метри, што го прави идеално место за бегство од летните горештини. Наша предлог агенда за да го исполните вашиот ден со физичка активност е да си организирате тура од местото викано Две Реки, па се до Чешма Бродец, кое вкупно пешачење трае околу 50 минути. По прошетката вашата агенда може да продолжи во ресторанот на ручек или вечера.
Овде можете да вкусите разни специјалитети, а комфорот ќе го уживате во текот на работната недела кога метежот по угостителските објекти е најслаб. Воедно, практикувајте телефонски резервации пред да посетите одреден угостителски објект.
ЛОКАЦИЈА