27.01.2022

Правам домашни сапуни, занает кој го наследив од мојата баба

Правам домашни сапуни, занает кој го наследив од мојата баба

Нема ништо подобро од тоа да го наследиме и научиме занаетот на нашите родители и да ја продолжиме семејната традиција која нè одлгедала и нè хранела во текот на целиот живот.

Ваква скромна позитивна приказна има нашата локална хероина Даниела која веќе со години наназад произведува домашни сапуни по “тајниот рецепт“ на својата мајка и баба.


Даниела вели дека целиот свој живот го поминала во родниот град Пехчево. Уште како дете се сеќава како нејзината баба правела свински сапун. Сапунот се правел во голем котел (голем длабок бакарен сад со тркалезна форма што служел за загревање, готвење и перење) од остатоците од закланата свиња кој што не се користат.


Таа ни го раскажа следното:

Традицијата на правење сапун ја продолжи мојата мајка, таа продолжи да го прави сапунот понатаму. Од секогаш сме го користеле тој сапун за перење и за личната хигиена и секогаш и во секое време во нашиот дом има домашно направен сапун. Јас паметам дека домашен сапун правеа многу семејства во нашиот регион. Од кажување на мајка ми околу осумдесетите години еден период прашокот за перење не бил достапен, па во тој период рендале домашен сапун и ставале во машините за перење и така ги переле алиштата.


Мајка ми е дипломиран хемиски инженер, а јас имам завршено средно фармацевско училиште и двете од секогаш не интересирала темата за правење сапун. Мајка ми во 1995 година учествуваше на натпревар организиран преку Народна Техника Берово за млади техничари како професор по Хемија и тогаш освоиле прво место на тема Правење сапун од различни масла.


Во поново време е полесно да се набават квалитетни и различни масла и други суровини за изработка на сапун поради што почнавме да правиме сапун од различни масла, декориран со  разни бои и со додаток на етерични масла за убав мирис, со што  правењето на домашен сапун ни стана хоби, а денес и дополнителна семејна дејност. На почетокот правевме за наши потреби и подарувавме на роднини и пријатели, а подоцна почнавме и со продажба на нашиот производ. 


Посебна мотивација за да продолжиме со изработката на домашниот сапун беше фактот што со неговата честа употреба немавме потреба да користиме крема за раце и тело, а и првутот кој што го имаше мојот сопруг подолг период значитено се намали. Исто така се почесто се случуваше некој што го пробал сапунот да сака повторно да добие од истиот. По интензивно со правењето на сапунот се вклучив и јас од  2017 година. Идејата и начинот на изработка ги научив од мојата мајка, почнав да истражувам и да се едуцирам, а со помош на денешната напредна интернет комуникација продолжив и понатаму да го надополнувам моето знаење и да изработувам разновидни сапуни со употреба на различни методи. Секој нов направен сапун е поразличен и поубав од преходниот и представтавува мотив плус да се направи нов сапун и тоа  чувство ме прави среќна и ме исполнува.


Постојат повеќе легенди околу првото појавување на сапунот. Според една римска античка легенда, сапунот е наречен по планината Сапо (Mount Sapo),која се наоѓа во Италија и било прастаро место за жртвување на животните. По жртвувањето, дождот ќе ги измиел животинските масла и пепел, кои се собирале надолу во реката Тибер. Жените кои ги миеле своите алишта во реката забележале дека доколку ги перат алиштата во одредени делови на реката после обилен дожд нивните алишта биле многу почисти. Со текот на времето сфатиле дека тоа се делови на реката каде водата нанела од животинските масти и пепелта и така настанало првото користење на сапунот.


Процесот на правење сапунот се нарекува Сапунификација. Тој процес настанува кога содата се раствара во вода, потоа тој раствор се додава во масла и со мешање отпочнува процес на сапонификација. Во самитот процес содата која е силна база реагира со масните киселини од масла и производ на таа реакција е сапунот, глицеролот и водата. Познато е дека  кога база реагира со киселина се добива сол и вода.  Сапунот по својот хемиски состав всушност е сол и во неговиот финален состав нема сода, нема ни масла,  но со додавање на некои квалитетни масла во вишок при изработката на домашен сапун се подобруваат неговите   карактеристики. Водата  испарува од сапунот со тек на време, а глицеринот останува како извонреден хумектант ( ја хидрира нашата кожа). Крајниот состав на сапунот е она што му дава вистински квалитет. Денеска се уште чувам и произведуваме свински сапун кој навистина добро пере и мие.


Од индустриските сапуни Глицеролот се вади од сапуните и тој потоа се продава на козметичката и фармацевската индустрија. Со вадење на глицеролот од сапунот рокот на сапунот се продолжува но со тао се губи и својство да ја негува  кожата. Затоа природните сапуни се ставаат на сува подлога да се исцедат од водата за да не омекнат премногу.

Вештачките сапуни содржат сулфактанти конзерванси, адитиви,бои мириси парбени и други штетни состојки, затоа се почесто денес се бараат домашни сапуни кои не се штетни и ја мијат и негуваат кожата во исто време.

Остави Коментар

Коментари

  • Добре Пешевски

    24.09.2022 15:26

    Сапунот како производ е нај неопходен за одржуванје на хигиената , прочем и здравјето. Јас повеќе би сакал да знам околу САПУНИФИКАЦИЈАТА НА МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ , дали само содата каустик е производ за сапонификација. Лаик сум за оваа работа, нешто што сум прочитал и т.н.Ајде, кога имате и Дипломиран Хемичар и фармацефт, што претставува надополнување и збир на знаења, Ве молам , читам негде и сапонификациски броеви, та јодни броеви и сл. И конечно зборот или прашњето ми е ИЗРАБОТКА на Емулгатори Е 472е или емулгатор ДАТЕМ. Можеме ли да разговараме на оваа тема? Благодарам.

  • Liljana Kokovikj

    29.01.2022 12:38

    Sapunot na Daniela e preubav. Jas i moeto semejstvo go koristime.

Прочитајте повеќе

Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки

Кајак.мк денеска ве води во Валандово, град кој потсеќа на калинката, но отсега можеби некој од вас ќе го асоцира и на „Слатко од лути пиперки“.

Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот

Зоран е роден во Демир Капија. Првиот контакт со винското производство го има во винарската визба во Демир Капија која редовно ја посетувал со желба да работи во неа.

Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија

Некаде во Македонија ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела Македонија.

Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции

Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неурно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.

Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој

Ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.

Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер

Туристите кои ни доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат дека треба да направиме сѐ за да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.