18.10.2022
Јавање коњи на Галичник: Вистинската Македонија во еден ден
Јавање коњи на Галичник: Вистинската Македонија во еден ден
Ако некој нѐ праша каде би го нашле спокојот во Македонија, тогаш
нашиот одговор ќе биде Галичник. Дестинација која заслужува секој жител на
Македонија баре еднаш во својот живот да ја посети.
Природа, убавина, приказни и ред други активности кои може во секој момент од денот да ви бидат достапни.

Галичник и регионот го очекуваат првиот снег, а со снегот,
сите активности овде почнуваат да мируваат, но тоа не ај исклучува можноста да
ве потсетиме на она кое можете да го правите во текот на пролетта, летото и
сега есента. Кога шумата е златна и кога воздухот има свој специфичен мириз.
Во базата на Кајак.мк можете да ги најдете „Шерпа Хорс Рајдинг“ за кои сме пишувале и претходно, а кои според нас се атракција која мора да се доживее.

Шерпа нуди вестерн стил на јавање. Вие ќе јавате балкански
планински коњи, издржливи и стабилни за стрмен терен, а исто така и полурасни
арапски коњи. На овие јавања, треба повеќе да внимавате да ја спакувате
соодветната облека за патување и да бидете сигурни дека сте доволно физички
способни за патување.
Шепра има доста искусен тим кој може да се прилагоди на секое ниво на јавач, од почетник до напреден. Пред да започне јавањето, секој јавач од групата добива индивидуални инструкции со професионален водич.

До Шерпа можете да пристигнете по патот до Галичник кој е
еден и за жал нема друг скратен пат кој води до оваа место.
Кога ќе влезете во националниот парк „Маврово“, ќе возите до Маврови Анови, потоа продолжувате право и НАЈВАЖНО од се’ е да се исклучите на браната – лево, односно да преминете преку браната. Пред браната има знак, кој укажува дека за Галичник мора да се исклучите лево, но тој не е многу впечатлив. Доколку не го сторите тоа, се упатувате кон Дебар и за ЖАЛ, не постои скратен пат за да пристигнете до оваа дестинација.

Ранчот нуди разни тури како: Патека Русин, патека Салтаница,
адреналинско искуство, а се нуди и можност за фамилијарно кампување.
Патеката Русин, претставува тура со планинско јавање, кое ќе Ве однесе преку бескрајните пасишта на планината Бистра до традиционалната фарма со овци РУСИН. На оваа тура ќе ја имате можноста да го посетите највисокиот врв Меденица (2.136 м) на планината Бистра со неверојатен поглед кон најживописниот дел од масивот Стогово (2.218 м). Јавајќи низ бескрајните полиња и карпести патеки, ќе искусите нешто сосема ново и поразлично.

Со посетата на старата фарма со овци РУСИН, ќе го
почуствувате одблизу овчарскиот живот и ќе ја имате можноста да се запознаете
со секојдневните овчарски рутини како што се производство на сирење, кашкавал и
јогурт на традиционален галички начин. На крајот од турата ќе имате пикник
ручек на ранчот Шерпа, каде ќе можете да го вкусите свежиот Галички кашкавал од
фармата Русин заедно со домашна пита, свеж зеленчук и чашка ракија.
Патеката Салатница пак е ексклузивно планинско јавање со
поаѓање од ранчот, каде водичот ќе Ве води низ бескрајните пасишта на планината
Бистра, па се до фармата со овци САЛТАНИЦА. На оваа тура ќе имате можност да го
посетите највисокиот врв Меденица (2.136 м) на планината Бистра и да ја
почуствувате свежината на дивиот планински дух.
Доколку сакате да
стапите во контакт со Sherpa Horse Riding и да ја погледнете точната локација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.