12.02.2022

Се иселив од Скопје во село Шлегово каде изработувм накит од преработена пластика

Се иселив од Скопје во село Шлегово каде изработувм накит од преработена пластика

Тимот на Кајак.мк се посветува на жените хероини што прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија. Но, покрај директната или индиректна поврзаност со туризмот, овие жени се од огромна мотивација за сите млади кои размислуваат дали од сопственото хоби да изградат бизнис кој ќе им носи дополнителна заработка.


Моќна е приказната на Елена Арсовска. Шлеговачанка која сфатила дека животот во Скопје не е за неа и се преселила во родното село Шлегово (Кратовско) каде ќе биде поблиску до природата и поголемиот дел од денот ќе го поминува во градина.

Оние што не слушнале за Шлегово, овој селски спокој се наоѓа во околината на Кратово и е опколено со ливади и планини. Овде Елена вели дека никој не брза да стигне до некаде и дека секој има повеќе време за себе, за семејството и за работата.


Фото:Petrovskyz (Google)

Откако одлучила да ја продолжи животната приказна на село, активно се посветила во развивањето на сопствениот бизнис, а тоа е изработка на разновиден накит.

За Кајак вели дека веќе долго време се занимава со оваа професија, но покрај накитот, изработува сувенири, декоративни предмети, икони и уметнички слики. Продуктите ги прави на село, а ги промовира на социјалните мрежи.


Фото: Petrovskyz (Google)

„Моите почетоци со накит се од одамна. Кога бев мала, сакав да им ги растурам старите ѓердани на мама и баба, па од нив да правам нови. Како што растев, сè повеќе сакав да бидам поразлична од останатите, затоа започнав да изработувам уникатен накит за себе. Сето ова го започнав пред 17 години, кога бев девојче. Често знаев да користам разни каменчиња, школки, разни семиња, пердуви, делови од растенија и препарирани бубачки, но често се соочував со недостаток на материјал“, раскажува Елена.


Со тек на време и со недостаток на материјали, започала да размислува како да ги рециклира празните пластични шишиња отпадок и од нив да произведува монисти. Тиркизната боја која ја имале шишињата и го привлекле вниманието и биле клучниот момент за да ја создаде првата мониста и да ја искористи на накит за своја лична употреба.


Приказната со пластичните монисти во тоа време не била добро прифатена од луѓето. Сето ова било пред 17 години, а во тоа време како што се сеќава Елена еколошката свест била на доста пониско ниво од денес и баш поради тие причини луѓето не сакале да купуваат накит со монисти од пластични шишиња.


Елена вели дека ниту таа не размислувала дека еден ден ќе биде еко-активист и ќе се бори за подигање на свеста кај граѓаните. Но со самото враќање на село и затекнување на дивите депонии покрај речните корита, го разгориле гневот во неа и ја потикнале да преземе иницијативи кои ќе го решат проблемот. Таа вели дека бунтовноста против отпадокот им донела нови контејнери во селото.


Денеска таа се чувствува горда на фактот дека помага да се развива еколошката свест. И самата вели дека сè уште се смета за загадувач, но тоа и помага да внимава на околината.


Важно е да напоменеме дека секоја мониста се изработува рачно, една по една. Во процесот на изработка не се користат машини или калапи, а ова тврди дека секое делче од накитот има своја уникатност. Монистите личат на камчиња и шират една многу важна порака: Секој може да биде еколошко одговорна личност доколку сака и доколку се потруди.


Производите на Елена може да ги најдете на фејсбук страницата „Art Cycle Of Recycle“, а наскоро ќе бидат додадени и во бакалницата на Кајак.мк.

Остави Коментар

Коментари

  • Hristov Hristov

    31.08.2023 14:06

    Ve molam kontakt od devojkqta

  • Влатко Милев

    30.08.2023 18:24

    Кајак, барем линкот!! :)

  • Соња Манева

    29.08.2023 10:07

    Sekoja cest, mnogu ubava prikazna

  • Pavlina Panajotova

    26.05.2022 10:23

    Многу убаво ти пожелувам уште поголем успех во работата

  • Mileva Tagasovska

    16.02.2022 20:35

    Preubavo se. Obozavam nakit.Da ti se pozlatat racete

  • Мирослава СеневскаMiroslava

    15.02.2022 20:08

    Браво за Елена

  • Роза

    12.02.2022 20:05

    Секоја чест!

Прочитајте повеќе

Предлог викенд дестинација: Смирувачки викенд во СПА сместувања

Откриј како СПА сместувањата можат да го претворат викендот во вистинска релаксација. Практични совети, идеи и што да очекуваш од еден совршено организиран СПА одмор.

Во Македонија се отвори една од најдобрите етно вили: Овојпат во Лесново

Во Македонија се отвори една од најдобрите етно вили: Овојпат во Лесново.

Анализа на кориснички искуства (guest experience) кај малите домаќини

Анализа на корисничкото искуство кај малите домаќини во Македонија, со осврт на комуникацијата, првиот впечаток, автентичноста и потребата од подобрување на стандардите за услуги за подобрување на туристичкото искуство.

Запознајте го Младен: Човекот кој го промовира Кратово преку секој залак

Запознајте го Младен Мицевски – професор, туристички водич и љубител на гастрономијата кој со страст ја раскажува културата на Кратово. Откријте ја неговата автентична гастро тура преку која градот се претвора во уникатна рурална и одржлива туристичка дестинација.

Од љубов кон креативноста до уникатни аранжмани: Марија и светот на Kala’s Crafts

Запознајте ја Марија, креативната сила зад Kala’s Crafts, која создава уникатни букети од овошје, слатки аранжмани и рачни изработки со љубов и внимание кон секој детал.

Како малите семејни бизниси ја менуваат туристичката карта на Македонија

Откријте како малите семејни бизниси со автентичност и гостопримство ја обликуваат новата туристичка карта на Македонија и ги оживуваат руралните региони.