10.02.2021
Ја промовирам убавината на Македонија на кинески јазик
Ја промовирам убавината на Македонија на кинески јазик
Живеев во главниот град на Кина скоро 10 години и доживотно ќе бидам благодарна за необичните искуства кои ги стекнав таму, вели Симона Спирковска која за нас е позната како „девојката која ја промовира Македонија на кинески јазик“.
Позната по своите видеозаписи кои ги споделува на социјалните мрежи, нашиот тим не би останал рамнодушен доколку не
разговараше со неа и да ни го раскаже мотивот на нејзината работа.

Симона вели дека целта од споделувањето на
видеата од разни градови и локации ширум државата е да ја престави Македонија и нашата
култура пред своите пријатели кинези и сите оние кои ја следат. Со нејзиното искуство сака да придонесе кон
доближување на овие две различни култури. Воедно сака да ја пренесе автентичната енергија, култура, историја, природни
богатства и начинот на живеење во Македонија.

На некој начин имам цел ги поттикнам кинезите да истражуваат повеќе за Македонија, вели Симона. На овој начин би потикнала соработка, а и развој на туризмот во Македонија кога се во прашање кинески туристи.
Видеозаписите ги забележуваат и луѓе кои ја имаат посетено Македонија а со кои е во постојана комуникација за идна соработка.

Кинезите кои биле во Македонија имаат позитивни впечатоци од нашата култура, традиција и природна убавина, додава Спирковска. Тие се воодушевени од храната, добрите временски прилики, и чистиот воздух.
Кинезите кои го пробале црвениот патлиџан набран од градина, се уште се сеќавале на вкусот, вели Симона. Нашиот патлиџан ги потсеќа на вкусот на кинескиот патлиџан во шеесеттите години. За нив
свинското месо е многу поефтино во Македонија, а и сите други меса им се многу вкусни.

Интересно е што не може да направат разлика помеѓу големите и помалите градови во Македонија. На пример за нив Скопје и Прилеп се исто. Но ги обожаваат градовите, хармонијата помеѓу народот и фактот дека луѓето ги вреднуваат фамилијарните вредности.
Симона живеела во Пекинг скоро 10 години,
каде го учи јазикот, завршува додипломски и постдипломски студии. Има прилика
да работи и да го научи начинот на кој функционира животот во Кина.

За неа Кина е втор дом, а се надева дека конекцијата помеѓу Македонија и Кина допрва ќе се гради. Кина е земја која има многу вредности и културни богатства. Со нејзиното враќање во Македонија, таа држи и часови по кинески јазик на сите оние кои се заинтересирани да научат.

Доколку сакате да разговарате со Симона и да се информирате за тоа каде би можеле да го изучувате кинескиот јазик, тогаш јавете се на: 076 639 227
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?