21.12.2022
Произведувам 100% природен маџун без додатоци од шеќер, адетив и конзерванси
Произведувам 100% природен маџун без додатоци од шеќер, адетив и конзерванси
За да се
произведе квалитетен маџун, најважно од сѐ е да имаме квалитетно грозје. Важна улога игра сортата грозје, шеќерноста
на грозјето и секако начинот на преработката. Со ваквите зброви Ангела започна
да ни расажува за процесот низ кој поминува маџунот. Со еден збор од нива до
тегла здрав залак.
Маџунот денеска се смета за еден од главните прехрамбени продукти кои мора секое семејство да ги има во својот дом. Затоа ние од Кајак.мк, решивме да ви овозможиме да нарачате и купите маџун од едни од најдобрите производители во Македонија. Нејзината продавница од денеска е дел од бакалницата на Кајак.мк и истата можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.

Неготинскиот маџун кој таа го произведува има долга приказна. Ангела раскажува дека причината која ја поттикнала да отпочне со производството била пред сѐ долгодишната семејна традиција на одгледување лозови насади, а после сѐ ниските откупни цени на грозјето. Барајќи најчин како да креира своја иновативна идеја и да му даде дух на суровото семејно производство, Ангела се одлучила за производство на маџун.

„Кога ќе се спомене грозје и преработки од грозје, секој помислува на вино или ракија, но од грозјето се произведуваат и други прехрамбени производи кои се многу здрави за конзумирање и зајакнување на имунитетот. Таков е маџунот“, вели таа.

Се има своја напорна процедура. Ако мислите дека има нешто квалитетно кое е лесно се произведува, тогаш грешите. Ангела вели дека маџунот е само резултат од напорното работење на нива. За да имаме добар маџун потребно е добро грозје, кога веќе имаме квалитетно грозје започнуваме со негово мелење се додека не добиеме гроздов сок, односно шира. Потоа продолжуваме кон цадење на ширата и ја оставаме да се вари околу 48 часа на одредена температура се додека не ја добиеме потребната густина на маџунот.

Сето ова Ангела вели дека е 100% природно без додаток на шеќер, адетиви и конзерванси. Ако има нешто кое за неа е најбитно, тоа е нејзиниот маџун да биде лек кој ќе им помогне на сите што ќе го купат. Маџунот е добар за зајакнување на имунитетот, крвта, лек за настинки и инфекции на дишните патишта, лек за црниот дроб, се бори против холесторолот, делува антиканцерогено, а помага и за прекумерена тежина.

Оние кои сакаат да го користат треба да знаат дека се конзумира од една до две лажички во денот, наутро и навечер. Може самостојно или растворени во вода, чај, млеко или сок.

Ова е прв производ
на Ангела, која како член на Националната федерација на фармери вели дека
постојано учи и се надоградува со нови знаења. Најголема поддршка и е нејзиниот
сопруг, нејзините родители и семејството.
Купете од нејзините
производи, погледнете ги со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.