20.03.2023

Шумски предели во Македонија за кои можеби не сте слушнале

Шумски предели во Македонија за кои можеби не сте слушнале

На Европската конференција за храна и земјоделство во 1971 година се промовира идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите која веќе на 23-тата седница се носи одлука 21-ви март да биде „Светскиот ден на шумите“.

Како во Светот, така и кај нас, 21-ви март е ден кога ги чествуваме шумите и ден кога се потсетуваме за тоа колку е важно да ги чуваме и негуваме.

Тимот на Кајак.мк во соработка со SKOPSKO SMOOTH, ве водат на 5 различни шумски предели во Македонија, за кои повеќето од вас сигурно не сте ги слушнале. Четивото има цел да ве поттикне да размислувате за тоа како да го поминете слободниот викенд активно во природа и како да уживате во чистиот планински воздух кој ни го продуцираат нашите планини.


Пред да започнеме со предлозите, ние како промотори на здравиот начин на живеење и чистата животна средина, ве советуваме да не фрлате отпадоци за време на прошетките, а исто така, ве советуваме да си понесете вреќи за отпадоци и да го соберете отпадокот кој можеби некој пред вас го има оставено на планина. Многу е важно да не ги користите планинските корпи за отпадоци, бидејќи на ваквите предели ретко поминува комунална служба и може да се случи вашиот отпадок да биде подолго време на планината, а вие да бидете веќе дома.

Како прв предлог го истакнуваме пределот на Круша. Дали сте слушнале за Круша?


Круша е една од ретките шумски предели за која многу мал процент од македонското население има слушнато. Пределот се наоѓа недалеку од ски-центарот Кожуф, на самата граница помеѓу општина Гевгелија и општина Кавадарци. Овој шумски предел е секојдневие за мал број земјоделци кои често престојуваат во палнинските викендички изградени овде.

Круша е дестинација која им ја препорачуваме на сите авантуристи, луѓе кои уживаат на планина и луѓе кои ја чествуваат планината. До Круша може да се стигне со теренско возило или планинарејќи од „Смрдлива Вода“.

Дали некогаш сте го посетиле Горни Дисан?


Горни Дисан е селце кое е оддалечено 12 километри од Неготино и се наоѓа на 580 метри надморска височина. Селцето е дел од нашата листа бидејќи се наоѓа во прекрасен шумски предел. За разлика од Круша, до Село Дисан може да се пристигне со секаков тип на возило. Наш совет е да го паркирате возилото во самото село и да прошетате низ убавините на висорамнината Витачево. Овој предел изобилува со шума од даб, цер, бука, бреза, како и зимзелени и нискостелбести грмушки.

Прекрасните шумски предели на село Бозовце!


Село Босовце е последното населено место на Шар планина до кое има асфалтиран пат, а оттука продолжувате низ прекрасниот шумски предел кој го нуди Шара. Како наша трета дестинација е село Бозовце. Бидејќи овде имате можност да појднете на планинарење со локални планински водичи или пак да јавате коњи до Лешница или како што ние ја нарекуваме „Оазата на Шар планина“. По завршувањето на прошетката низ шумскиот предел не заборавајте да вкусите традиционална храна подготвена од локалното население.

Што го прави Пашаџиково поразлично од останатите шумски предели?


Секоја шума има своја предност, така и шумата од Ариш! Ариш е дрво кое расте во Македонија, а Пашаџиково е познато по аришовата шума. Во Македонија аришот е доведен во 1950-тите и e застапен со два вида: европски ариш и јапонски ариш. За оние кои бараат воздушна бања, тогаш наша препорака е Пашаџиково.

Пашаџиково се наоѓа на самиот пат кој води кон ски-центарот Пониква. Низ самиот предел се наоѓаат многу шумски патеки кои им се на располагање на посетителите.

Поминете еден активен викенд во село Станча, на планината Герман!


Како петта дестинација ја истакнуваме планината Герман која е средновисока планина во крајниот североисточен дел на Македонија. Оваа дестинација е идеална за луѓе кои не се доволно физички активни. Наш предлог за посета е селцето Станча, кое се наоѓа на 1100 метри надморска височина, опколено со дабова и борова шума. Околку самото село имате прекрасни шумски патеки, а недалеку е планинскиот врв Модра Глава кој е на 1390 метри надморска височина.

Тимот на Кајак.мк и „СКОПСКО“ ве советуваат да се грижите за животната средина. Без разлика за која дестинација и да се одлучите, ваше е да го соберете отпадокот и да го вратите назад во градските контејнери. Дивите депонии кои никнаа низ нашата држава се резултат на несовесноста на граѓаните. Затоа „СКОПСКО“ започна своја кампања наречена „Наша гордост, наша одговорност“. Кампањата има цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните кои како домашни туристи патуваат низ државата. СКОПСКО ќе одвојува по еден денар од секое продадено „Скопско 0,5“ и „Скопско Smooth 0,5“ во стаклена амбалажа за спроведување на еколошка акција за чистење на повеќе локации ширум државата, а како прва значајна туристичка дестинација е Охридското езеро.

Повеќе информации за кампањата можете да најдете на www.skopsko.mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Дали некогаш сте слушнале за Опеница? Уникатно гастрономско искуство во XO Distillery & Farm

XO Distillery & Farm во Опеница нуди уникатно гастрономско искуство со домашна ракија и локална храна, во автентичен амбиент исполнет со македонска традиција.

Предлог викенд дестинација: Дрвени куќички со топло огниште и приватност

Идеален викенд во природа! Истражете дрвени куќички со камин, топло огниште и приватност за релаксација, пешачење и автентично планинско искуство.

Културен туризам во Македонија: инспирација за денови со дожд и облаци

Откријте што да правите кога врне дожд во Македонија. Посетете музеи, спомен-куќи, работилници со занаетчии и кулинарски искуства кои ја чуваат традицијата.

Маврово Национален Парк – природното богатство на Македонија што ја освојува 2025 година

Откријте зошто Маврово Национален Парк е една од најпосетуваните дестинации во Македонија. Од Мавровското Езеро и врвот Кораб до скијање, планинарење и автентична култура – доживејте ја природата низ сите сезони.

Културните настани во Македонија – потенцијал и влијание врз туризмот

Откријте како културните настани во Македонија ја обликуваат туристичката понуда, нудат автентични доживувања и го зголемуваат потенцијалот на културниот туризам.

Бањи и СПА дестинации во Македонија за есенско и зимско опуштање

Откријте бањи и СПА дестинации во Македонија за есенска и зимска релаксација. Лековити извори, современи СПА услуги и можност за резервација преку kajak.mk.