17.08.2021

Изнајмете куќа во Берово каде ќе бидете пречекани со домашно слатко

Изнајмете куќа во Берово каде ќе бидете пречекани со домашно слатко

Во базата на Кајак.мк додаваме уште едно автентично сместување кое се наоѓа во градот Берово, а чии домаќини ја запазуваат традицијата на пречекување на гостите со домашно слатко и вода.

Денеска ве запознаваме домаќините на куќа „Поли“, чија куќа се наоѓа во мирниот дел на градот Берово, а која има градина идеална за уживање.


Домаќините ја почитуваат традицијата. Престојот во нивниот дом не е само едно обично ноќевање, туку е цела гастрономска приказна.

Куќата е доста автентична, а домаќинката Ангела ни вели дека честопати слушала од гостите коментари дека сместување со автентичен дух на денешно време е тешко да се најде. На своите гости им овозможуваат да уживаат во традиционалните рачно ткаени черги од нивните предци, а на самиот пречек на гостите ги послужуваат со домашно слатко и вода.


Домаќините се промотори на домашната локална храна која се подготвува во овој крај од Македонија. Гостите имаат можност да бидат послужени со зелник, попарник и беровско сирење, доколку гостите одлучат да нарачаат. Тие додаваат дека секоја добра прошетка околу беровското езеро заслужува да биде поткрепена со добар појадок или вечера.


Езерото пак, се наоѓа на шест километри од градот, атракција која мора задолжително да ја посети секој кој ќе патува во Малешевијата. Густа борова шума, патеки за пешачење, велосипедизам и Off-road или со еден збор белите дробови на градот. Куќата се наоѓа во мирна област. Располага со дворче во задната страна на куќата каде има место за скара и ручек.

Доколку сакате повеќе информации, цени и фотографии од сместувањето, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!