27.07.2021

На туристите на Крушево им организираме атракција која се памети

На туристите на Крушево им организираме атракција која се памети

Во пресрет на фестивалот „WhenInKrushevo“ за кое тимот на Кајак.мк ви го препорачува како задолжителна дестинација од 6-ти до 8-ми автуст, ве запознаваме со луѓето кои ќе му ја дадат магијата на градот.

Крушево е град во кој активниот туризам нема никогаш да згасне. Без разлика дали ќе го посетите во август или пак во јануари, градот има што да ви понуди.


За време на фестивалските денови вие ќе може да уживате кајакарејќи по езерото, летајќи со параглајдер над градот, а преку зима имате можност да уживате на снегот.


Денеска ќе ве запознаеме со Ѓорѓи Ицоски, долгодишен член на нордиската репрезентација на Македонија. Тој е веќе добро познат на македонската јавност по неговата успешна кариера кога станува збор за зимските спортови.

Ѓорѓи беше единствениот натпреварувач во бијатлон од Македонија за Зимските олимписки игри во Ванкувер во 2010-та година со обезбедена олимписка А норма, а Македонија како нација беше на 33-то место. Поади огромниот број натпреватувачи олимпискиот комитет донесе одлука да учествуваат 31 нации, со што Македонија не се најде на листата на Олимпијадата.


Но Ѓорѓи е веќе добро познат и по водените спортови, за кои како што вели тој, ги поврзува со скијањето, бидејќи на некој начин техниката е доста слична.

Во Кајакарењето се заљубил додека бил на летни припреми во Охрид, каде заедно со неговиот другар Лазар Поповски (За кого Кајак.мк има раскажано приказна, а истата можете да ја прочитате со еден клик ОВДЕ) веслале низ езерото. Од тој ден, Ѓорѓи се заљубува во кајакарењето како спорт за релаксација и се одлучил да купи свои кајаци кои воедно ќе ги изнајмува на гостите на фестивалот When In Krushevo.


Според него, Крушевското езеро има преубаво езеро за рекреативно кајакарење, бидејќи водата е доста мирна и нема бранови. Она што го прави уште поуникатно кајакарењето по ова езеро е рибниот фонт. Ѓорѓи вели дека додека туристите уживаат низ езерото може да забележат Тесталобик риби од речиси 30 килограми.


Секој кој ја користил ова атракција на езерото добил соодветна опрема и инструкции за кајакарење, што според него е најважниот дел. Но за да биде палетата од понуди уште подобра, Ѓорѓи набавил и SUP даски за веслање кои може да ги користат сите заинтересирани.


Повеќе информации може да добиете доколку го посетите фестивалот When In Krushevo кој ќе се оддржи од 6-ти до 8-ми август во Крушево. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.