11.03.2021
Македонки и Албанки од Преспа развиваат нова туристичка приказна
Македонки и Албанки од Преспа развиваат нова туристичка приказна
Секој регион на Македонија си има свои хероини, а денеска ве запознаваме со хероините на Преспа кои неуморно го промовираат регионот. Живеат за да создадат приказни и да ги раскажуваат на секој турист кој доаѓа овде. Го пренесуваат своето знење од нивните баби, а се афирмираат со воведување на модерни алатки за развој на туризмот. Овие жени успеаја да засадат 5000 садници планински чај во регионот, а денеска ќе се запознаете со нивната приказна.

Ние разговаравме со Виолета Прцуловска која е претседател на „Рурални жени од Преспа“ но како што вели таа, титулата претседател во друштвото е само збор, а влијанието и моќта да се дејствува е заедничка бидејќи на тој начин се успева многу повеќе.
Виолета вели дека нивното семејство рурални жени го счинуваат сопруги, мајки, ќерки и баби, интелектуалки и пензионерки, Македонки и Албанки кои ја делат љубовта кон Преспа и неуморно работат на промоција на овој прекрасен рурален регион, приготвувајќи традиционална храна. Жените се од повеќе села во регионот, но тоа не ги спречува да ја промовираат Преспа како една мултикултурна заедница која сите може да ја доживеат преку најдобрите македонски, албански и турски специјалитети кои тие ги приготвуваат.

Покрај традиционалата храна, Прцуловска вели дека нивната приказна успешно се гради и со изработка на домашни ракотворби и собирање тревки и чаеви кои се карактеристични за овој регион. Сето ова е поттикнато од фактот дека и жените може да заработуваат покрај нивните сопрузи кои се земјоделци.

„Регионов го промовираме со припремање на традиционална храна карактеристична за преспанскиот крај. Во изминатиот период бевме дел од многу настани каде преку нашите кулинарски способности го промовиравме регионов. Сите ни се драги, но би издвоила неколку како твитер настанот “I Love Prespa (Ја сакам Преспа)”, организиран од UNDP во 2018 во Скопје, вели Виолета. Таа додава дека во 2019 беа домаќинки на настанот “Meet Prespa (Запознајте ја Преспа)” настан кој траеше цел викенд на неколку локации во Преспа и имаше различни активности. Исто така, секоја година се присутни на Преспанскиот Јаболкобер бидејќи е празник на сите во регионот и го означува почетокот на бербата на јаболка.

Благодарение на руралните жени, странските туристи во регионот уживаат во специјалитети од традиционална преспанска храна и тоа преспански крап, белвици и циронки, до разни зелници, питулици и аршлама. Секако тука е и традиционалното преспанско ѓомлезе кое секогаш е хит меѓу гостите. Селска салата од домашен зеленчук како предјадење, а на крај се нуди штрудли од овошја кои растат на преспанско поднебје како што е штрудла со јаболка која е заштитен знак и секогаш ја имаат.

Овие
жени имаат работено и на тематски настани по барање на гостите. Еден од
настаните на кои ќе се сеќават е во селото Стење каде се оддржала промоција на
зрнести овошја, а кои подготвени специјалитети биле инспирирани од тематиката
на настанот. Исто така, овие жени биле дел од деновите на пчеларството каде
приготвувале медени специјалитети.
Со странски туристи најчесто се среќаваат на фармата Spirit of Prespa. Таму се редовни домаќинки и главни “виновници” за превкусната храна која гостите имаат можност да ја дегустираат. Чести гости на настаните на кои приготвуваат храна се и некои амбасадори со кои имаат создадено добро пријателство.

На туристите им се допаѓа автентичноста, тоа што сме го зачувале и начинот на кој го промовираме традиционалното. Туристите се воодушевени од моментот кога пред нив ја приготвуваме храната, особено ѓомлезето, вели Виолета.

Според
неа, странските туристи знаат да го проценат трудот и желбата за работа, но и
храброста да покажат тоа што знаат и умеат. Препознатливи се во тоа што го
работат. Нивниот потенцијал го препознаа неколку организации кои сега се
поддржувачи и инспиратори да продолжат и понатаму. CNVP и PONT се главни спонзори
и со нивна помош успеаја да засадат 5000 садници планински чај. Во моментот се
фокусираат на култивирање на чајот бидејќи нема настани и туристи.
Овие
жени може да ги пронајдете на социјалните мрежи како „ Рурални Жени од Преспа“
или „Преспански планински чај“, а наскоро и на веб-страница која е во
изработка.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.