20.03.2020

Училиштата во Јапонија во април нормално продолжуваат со настава

Училиштата во Јапонија во април нормално продолжуваат со настава

Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе изјави дека наставата во новата учебна година ќе почне во април, по пролетниот распуст, како што и било планирано, пишува iportal.mk

Училиштата во Јапонија беа масовно затворени во текот на изминатиот месец по апелот на Абе. Затворањето на училиштата беше доброволно и не претставуваше официјална мерка на владата.

Сепак, Абе остана претпазлив кога станува збор за јавни собири и ги повика организаторите внимателно да размислат за ризикот од ширење на коронавирусот.

Многу спортски настани во Јапонија се одложени и одржувањето на Олимпијадата е под знак прашалник, и покрај изјавите на јапонските власти дека одложувањето нема да се случи.

Во Јапонија во моментов има 1.675 луѓе заразени со вирусот, вклучувајќи 712 од крстосувачот Дајмонд Принцес.

Извор: https://iportal.mk/svet/uchilishtata-vo-japonija-vo-april-normalno-prodolzhuvaat-nastava/

СИТЕ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО ПАТУВАЊЕТО И КОРОНАВИРУСОТ ЧИТАЈТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!


  1. ДАЛИ МОЈАТА АВИОКОМПАНИЈА ЌЕ МИ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈТЕ ОВДЕ!

  2. ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!

  3. СИТЕ ОСТАНТИ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ!

  4. КАРАНТИН И ЗАБРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ: ЛИСТА ОД 38 ЗЕМЈИ КОИ ИМААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОВДЕ!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица