16.08.2022
Вила Пере во село Старо Лагово: Зелен двор за организирање разни активности
Вила Пере во село Старо Лагово: Зелен двор за организирање разни активности
Со растењето на Кајак.мк, расте и трендот кај македонската популација да организираат настани под отворено небо, во селски средини на пространи зелени дворчиња каде ќе може да ја чувствуваат приватноста и комфорот кој го нуди просторот. Денеска во нашата база додаваме уште една вила која во моментов е идеална за изнајмување за организирање разни настани на отворено, а наскоро ќе биде достапна и за ноќевање.

Вилата Пере се наоѓа во село Старо Лагово, на само 7 километри јужно од Прилеп. До вилата се стигнува по асфалтен пат кој води кон познатото Мариово. Ова село брои околу 20-тина жители кои претежно се занимаваат со земјоделие и сточарство, како и одгледување на познатото жолто злато - тутунот.

Вилата е лесно е достапна, скршнувајќи само неколку километри од регионалниот пат Битола - Скопје.

Лоцирана на влезот
на селото и се наоѓа во
близина на училиштето во кое учат деца од неколкуте околни села: Ново Лагово,
Волково, Чумово и Беровци. Просторот
има прекрасен поглед кон Селечка Планина и врвот Висока, кој е висок
1471 метри, а во околината на
Вила Пере се одржуваат мото-крос
настани, кои се вистинско доживување за гостите кои доаѓаат од странство.
Како што споменавме во моментов „Вила Пере“ е достапна за организирање на разни фамилијарни, колегијални и забавни настани, а во блиска иднина ќе биде достапна и за ноќевање.
Повеќе информации и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!