17.04.2024
Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето
Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето
Доаѓањето на пролетта и убавото време го мотивираше тимот на кајак.мк да
направи обиколка на еден од најпознатите вински региони во нашата земја и да се
запознае со уште една семејна винарија.
Отворена во 2023 година, винаријата „Поетика” е сместена во Кавадарци, а регистрирана во МЗШВ. Од винаријата велат дека отворањето е поврзано со една од основните идеи на животот, а тоа е дека тој е создавање, но истовремено и можност за искусување на сѐ она што овој свет го нуди. Почитувајќи ја традицијата, но, истовремено и научните достигнувања во областа на винарството, идејата почнува да се реализира, преточувајќи го производот од лозовите насади во вино. На самиот почеток ангажираат стручно лице (технолог-енолог) кој е директно вклучен во целиот процес на производство, за потоа да следи и обезбедување на потребната опрема.

„Што се однесува до лозовите насади,
располагаме со 15 декари сопствени насади на кои ги одгледуваме сортите
станушина (наша единствена автохтона сорта), жилавка, смедеревка и вранец. Од
друга страна, имаме кооперанти од кои досега ги обезбедивме сортите мерло,
каберне совињон, шардоне и семиљон. Секое вино е складирано во стаклена
амбалажа од 0,75dl, и етикетирано на кое се
гледа логото на винаријата, броевите на решенијата за пуштање во промет, како и
сите информации преку кои консументот може да се запознае со карактеристиките
на виното. Си поставивме задача од најубавото зрно грозје да ја направиме
најубавата капка вино и постојано да работиме во насока на унапредување на
квалитетот“, велат од винаријата.
Климе, првиот човек на винаријата вели дека е од огромна благодарност да секоја скриена арома во зрното грозје ја преточат во капка вино, онакво вино кое ќе ги открива скриените, а ќе ги зачува и нескриените ароми и вкусови.

„Создадовме и ќе создаваме вина чиј процес ќе се темели на нашата автентична филозофија, која се карактеризира со својствен пристап, почит и негување на традицијата, со љубов кон гроздот и виното, и со висока стручност во одгледувањето на секое зрно и сорта вино што им е потребна“, вели Климе.
Тој додава дека посветеноста и пристапот се крунисани со награди уште на првиот натпревар на кој конкурирале со нивните вина. Оваа година, за празникот „Св. Трифун“, се одржа натпревар во организација на Здружението на винопроизводители „ВИНОТЕК“ од Кавадарци, кој воедно се одржува неколку години по ред. За розе виното од сортата станушина освоивме златен медал и бронзен пехар, за сортата шардоне освоивме златен медал, додека за сортите смедеревка и мерло освоивме сребрен медал. Ова искуство е мотивација, а воедно и се надоврзува со нашата визија за зачувување и збогатување на винската култура, проширување на производството по сорти и количина согласно нашата филозофија.

За винаријата „Поетика,” Виното е љубов и цивилизациско достигнување кое треба да се одржува од овие и од идните генерации. Тоа ги спојува луѓето и им овозможува пријатни чувства и задоволство што ќе трае.

Во нашата филозофија, „нашите“ вина се всушност и „ваши“, затоа што ние ги создаваме за Вас, затоа што Вие ќе ги конзумирате живеејќи ги Вашите убави моменти. „Животот е вечно доживување“, ќе рече големиот Виктор Иго, нам навистина ќе нѝ причинува задоволство доколку Вашето живеење биде збогатено со добра капка вино од семејната винарија „Поетика“. Во наше и Ваше здравје.
Коментари
-
Vasil Stamenkov-Skopje
19.04.2024 00:42
Pochituvana Gospodo, So vnimanie go prochitav napisot za Vas i vashata vinarija i sakam da kazham deka uspehot ke Vi dojde ako rabotata ja rabotite so ljubov i pochit na klientite,pa vo toj smisol Vi posakuvam mnogu uspesi. Dolgo vreme barav mozhnost da kupam vino SEMIJON (ednash go piev i mi ostavi mnogu ubav utisok so svojot vkus i miris,ama ne mozhev da go najdam vo Makedonija. Kako Vie go imate vo vashiot podrum,sakam da Ve prasham dali istoto mozhe da se kupi vo Skopje i kolku koshta. Za Vashiot odgovor,odnapred Vi blagodaram. So pozdrav-Stamenkov Vasil
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?