23.10.2020
Вила на Маврови Анови идеална за да побегнете од сите
Вила на Маврови Анови идеална за да побегнете од сите
Има денови кога сакаме да сме сами, нели? Особено луѓето кои работат во хаотични работни средини. Без разлика дали работата е физички или психички напорна, секој од нас бара ќоше во кое може да побегне макар на два дена. 
Во време на пандемија кога стресот е многу поголем, ограничените можности за патување, ограничените човекови права за движење не стегаат постојано. Да не зборуваме за лошите мисли кои не гонат сите нас, стравот од неизвесната иднина, опстанокот на работа и слично.
За нас, нешто што би можело да помогне да се намали стресот, да се испразни главата од лошите предвидувања и размислувања, да се наполнат батериите за да продолжи битката со пандемијата е дефинитивно вила како ова која денеска ќе ви ја презентираме. 
Избор за денеска, Маврови Анови.
Ова вила успокојува затоа што има феноменален поглед кон Мавровско езеро и е на само две минути од околните ресторани и кафулиња, но сепак отцепена и во тишина. 
Погодна е за сместување на 6 лица. Повеќе информации за вилата можете да добиете од сопственикот Димитар на: 072 624 850
Кајак.мк во текот на вчерашниот ден пишуваше за што може да се прави на Маврово во октомври и ноември. Ние ви предлагаме да прочитате нешто повеќе и да го исполните слободно време за рекреација. Локалците на Маврово знаат како е да се живее секојдневен живот таму, затоа сакаме да го почуствувате тоа. 
Од возење со Ладата на Ѓорѓи, јавење на последните тури со коњи, велосипеди кои може да ги изнајмите од Скопје, доколку немате ваши и пешачки тури кои може да си ги организирате. Најважно од се е да имате со вас постојано кеса за отпадоци, бидејќи за тоа сме туристи. Повеќе информации за тоа што може да правите на Маврово прочитајте со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!