22.10.2020

Предлози за активен одмор на Маврово во октомври и ноември

Предлози за активен одмор на Маврово во октомври и ноември

Октомври и ноевмри имаме доста суви и сончеви денови. Доколку веќе имате во план да патувате на Маврово, еве неколку предлози кои можете да ги искористите на LAST MINUTE за ова веќе затворена летна сезона. Сезоната со ски центрите (на Кајак) ќе ја отвориме за некоја недела, а дотогаш бидете активни во слободно време.
Идејата за сончевите денови ја добивме од кавер фотографијата на @travel_and_discover_macedonia.

Еве 4 предлози од нас:


Лесни планинарски еднодневни тури. Одлична повеќенаменска патека над селото Леуново.
Ги задоволува апетите на сите посетители, од рековалесценти и лесни рекреативци до спортски ориентирани рекреативци и и спортисти на подготовки, како и возачи на планински велосипеди. Всушност тоа е шумско технички пат кој може да се користи во текот на целата година. Од Април до Ноември патот е сув и е добар за пешачење, трчање и планински велосипедизам, а од Декември до Март може да се користи за турно и нордијско скијање. Патот е маркиран, и заради тоа што станува збор за шумско технички пат, ориентацијата воопшто не е проблем. 

Запознајте го Александар од Маврово.
Изминатиот период во груптата на Кајак.мк „Туризам во Македонија“ се споделуваа многу фотографии од јавење коњи. Одговорноста за дел од фотографиите ја презема Александар кој со години наназад организира тури во мавровскиот предел каде освен јавењето покрај мавровското езеро, тој своите групи ги води и низ густите шумски предели. Наша препорака е да ги искористите последните топли денови од месец октомври и почетокот на ноември. Турата на Александар и контакт од него може да најдете ОВДЕ


Ѓорѓи Митревски е скопјанец кој со својата „Лада Нива“ која работи на плин и не ја загадува околината организира еднодневни „Off Road тури“ низ прекрасните планински предели на Бистра, Шара и Кораб. Турата започнува од Маврови Анови каде гостите може да бидат сместени во неговата „Forest“ вила за која пишувавме пред некој ден. Потоа возејќи по патот кон Галичник, на Царевец се скршнува над скијачките терени, па се продолжува по планински пат преку бескрајните пасишта на Бистра. Неговата тура можете да ја погледнете ОВДЕ

Велосипедизам. Ако имате ваш велосипед понесете го со вас, а ако пак немате, можете да изнајмите од Скопје. ПВК Оксижен изнајмува повеќе врсти на велосипеди (крос кантри, спуст/ендуро, градски) кои се користат за велосипедски активен одмор.  Локација на подигање и враќање на велосипедите е Скопје а најкраток период за изнајмување е еден ден.  Цената на изнајмување зависи од моделот на велосипедот како и од време траењето на изнајмувањето. Контакт за повеќе информации:
078415058

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Њујорк 2026 – туристички водич за знаменитости, локални тури и незаборавни искуства

Откријте го Њујорк во 2026: Статуата на слободата, Central Park, Times Square и скриени локални тури. Совршена дестинација за култура, гастрономија и авантуристички патувања.

Отворено ново приватно СПА искуство на Беровското Езеро

Со Кајак.мк до сите спа сместувања во Македонија и надвор.

Европа очекува рекорден туристички бран: Водечки регион во светскиот туризам

Европа ја зацврстува позицијата на водечки туристички регион и очекува рекорден туристички бран. Прочитајте кои се најважните трендови и економски придобивки од туризмот.

Weekend getaway во Македонија: совршена дестинација за кратко, но незаборавно патување

Викенд патување во Македонија – идеи за краток одмор со езера, планини, локална храна и уникатни сместувања. Откријте автентични искуства.

Македонија доби нов модерен планински хотел со сауна

Golden Resort Golak. Резервирај преку Кајак.мк и уживај на планина!

Македонецот Даниел отвори свој ресторан во Германија каде служи македонската и балканска храна

Приказната за Scala Coffee & Restaurant во Германија од денеска е достапна на Кајак.мк. Запознајте го Даниел Петровски од Валандово кој ја промовира македонската кујна во градот Ханау, предградие на Минхен.