01.08.2020

Турите со коњи на Маврово: Слика за дивата убавина на Македонија

Турите со коњи на Маврово: Слика за дивата убавина на Македонија

Запознајте го Александар од Маврово. Изминатиот период во груптата на Кајак.мк „Туризам во Македонија“ се споделуваа многу фотографии од јавење коњи. Одговорноста за дел од фотографиите ја презема Александар кој со години наназад организира тури во мавровскиот предел каде освен јавењето покрај мавровското езеро, тој своите групи ги води и низ густите шумски предели. 

Александар располага со 17 коњи. Тој вели дека сите се ептен питоми и дека ги сакаат луѓето. Како што вели тој, јавењето во околината на Маврово е идеална за сите почетници, а за поискусните јавачи им ја препорачува турата до бачилото. 

За Кајак.мк вели дека љубовта кон природата, а особено кон коњите е главната причина да се бави со ова хоби. На свои 10 години за прв пат се качува на коњ, а се уште се сеќава на тоа чуство кое го опишува како фантастично и кое чуство и после толку долго време не го напушта.


Турите започнува да ги реализира пред неколку години кога неговата пасија се претвора во желба за нешто поголемо. Турите со коњи него му донеле многу гости од земјава и од странство. Тој вели дека најчести гости се германци и холаѓани.

Туристите се воодушевени од прекрасната околина и можноста да јават коњи. Импресиите ги покажуваат на лице место, а задоволството резултира со повторо доаѓање кај Александар.

Доколку сакате повеќе информаци за турите кои ги организира Александар, тие ќе можете да ги добиете на: 072 564 464

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!