04.01.2023

Викендица на Матка идеална за бегство од градскиот загаден воздух

Викендица на Матка идеална за бегство од градскиот загаден воздух

Првата викендица која ни се приклучува во 2023-та година е овој прекрасен објект кој се наоѓа до самиот брег на реката Треска, со прекрасен поглед кон реката чиј жубор ќе ве релаксира во текот на вашиот престој.

Замислете како го напуштате Скопје или другите градови на неколку денови и се преселувате во викендицата каде се чувствува мирот и спокојот. Викендицата е идеална за семејства, за компании кои сакаат да ги преселат своите канцеларии во природа на одреден период, идеална е за родендени, семејни прослави, а исто така и за тим-билдинг организации на помали компании.


Она кое ни го потенцираа домаќините и кое треба да го истакнеме е фактот дека од страна на реката Треска се наоѓа медитеранска точка каде се вкрстуваат континентални и медитерански ветрови, феномен кој што делува пријатно врз психичкото здравје на луѓето и респираторниот систем, локалците овој феномен го познаваат како „Ружа на Ветрови“ кој резултира со произведување негативни јони. Исто така на 40 метри од куќата се наоѓа извор со вода за пиење кој има 7,7ph вредност.

Обејктот е ново градба од 2022-ра година. Располага со 115 м2 станбен простор и 560 м2 дворно место. Оваа викендица овозможува престој за ноќевање на 10 возрасни лица.

Дворот се состои од три нивоа поврзани меѓусебно и е идеален за поголеми настан бидејќи може да собере и до 50-60 лица, а има и надворешен гостински тоалет.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Nadica B

    05.01.2023 10:16

    Prekrasno mesto, sum bila nekolku pati i sekogas odusevuva samata sredina. Kukata e pristojno sredena, bas kako sto lici za mesto pokraj takva priroda. Vo leto e idealno za begstvo od skopskiot asfalt. Ladovina preku cel den, a navecer duri treba i bluza. Toplo preporacuvam

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?