28.09.2022
Есенско сонце на тим билдинг за добар крај на летната приказна
Есенско сонце на тим билдинг за добар крај на летната приказна
Астрономската есенска сезона се смета дека започнува од 23-ти септември, денот кога нам ни започна другарувањето со вработените од компанијата Seavus кои со големи насмевки го заокружија викендот.

Како организатори на тим-билдинг патувања, секогаш стравувавме за тоа какво ќе биде времето во месец септември, но пред една недела заклучивме дека нема лошо време, ако имате добро друштво за патување. Веќе две недели по ред запознаваме добри тимови кои одлично функционираат меѓу себе, со што нашите активности беа јаготката на шлагот.

Струга како дестинација ја преферираме преку летниот период, а со тимот на Seavus ја заокруживме летната приказна. Она што нам ни претставува од огромна чест е ноќната прошетка низ Вевчани и посетата на нашата гастро станица „Кутмичевица“, која веќе подолго време е дел од нашето омилено гастро движење „Slow Food“.

Кутмичевица има со што да се пофали. Амбиентот, прекрасниот поглед кон струшката котлина и превкусната локална храна која се подготвува на уникатен начин. Во Кутмичевица можете да ги дегустирате вкусовите на Вевчани. Така направивме и ние! Сфативме дека оваа наша гастро дестинација е идеална во комбинација со момците од бендот „ChillOut“ кои за нас се десна рака за добра забава. Сега, можете да си го поставите прашањето, зошто да не „ChillOut“ во Вевчани?

Вториот ден го заокруживме со пикник во дворот на манастирот Св. Илија кој се наоѓа во селото Глобочица, а до каде пристигнавме кајакарејќи со екипата на спортскиот клуб „Соларис Струга“, за кои сме пишувале често во нашите приказни.

Коста Хиохи, човекот за кој постојано велиме дека е еден од нашите знајачни локалци кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот, ни го закити денот со локална храна, вино и многу лаф муабет. Доколку сакате да стапите во контакт со Коста, повеќе информации можете да добиете со еден клик ОВДЕ. Коста и неговата екипа заслужуваат ваква поддршка од сите компании.

Сонцето. Да не го
заборавиме него. Тоа ни беше присутно за време на патувањето, а сонце има кога сите
се среќни и позитивни.
Му благодариме на тимот на Seavus, кои преку овој тим-билдинг донираа нови 200 дрвца за пошумување. Им благодариме на насмевките и храброста да впловат во реката Дрим која мирно ги плови туристичките спомени.
Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.