01.11.2022
Со мојата мала семејна винарија сакам да го промовирам Прилеп како винска дестинација
Со мојата мала семејна винарија сакам да го промовирам Прилеп како винска дестинација
Денеска во базата на „Гастрономија“ ја додаваме малата семејна винарија „Сарика“ позади чие име стои Гоце Станоески. Сарика е мала семејна винарија со капацитет до 5600 литри вино, а официјално е регистрирана во 2020-та година.

Гоце кој е лозар и винар, за себе вели дека продолжил да ја гради приказната која ја започнал неговиот прадедо, дедо и татко. Виното во неговото семејство се правело на традиционален начин со рачна машина за мелење грозје и сите сорти кои ги одгледувале ги ставале во дрвени бовчи кои се користете како комињарници за домашни потреби.

Денеска Гоце вели дека има софистицирана опрема која му ја олеснува работата, а со тоа се стреми малото производство да го зголемува до година во година. Најважно од се е да задржи производството на високо квалитетни вина.

Етикети кои се
застапени во Сарика се Вранец, Прокупец, Пловдина, Мускат и Сарика бело
(Жупјанка и Ркацители).
Најважно од се е фактот дека тој се уште користи грозје од сопствени лозови насади од прилепско виногорје. Вината се овошни со изрзита свежина и високи киселини поради големата надморска височина од околу 730 метри.

Во иднина има во
план да учествува на повеќе меѓународни натпревари со цел да потврди дека и
прилепскиот регион е поволен за производство на премиум вина.
Доколку сакате
повеќе информации и контакт од Гоце, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Златко Николовски
24.09.2023 20:50
Добар ден, како увозник на македонски вина во Швајцарија, би сакал да ми пратите извозни цени од вашиот асортиман се со цел, промоција на помалите македонски винарии. Воедно, може да ми пратите брошури од сортите и спецификација од истите. Благодарам, со надеж за меѓусебна соработка. Златко Николовски
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.