10.05.2022
Вкусна храна и престој во уникатен чифлик во Македонија
Вкусна храна и престој во уникатен чифлик во Македонија
Многу од патувачите кои одлучија да го посетат чифликот во Долна Белица, ни кажа дека не погрешиле во изборот. Чифликот се наоѓа на доста уникатна локација, на 34 километри од Македонски Брод, а патувањето до чифликот е приказна сама по себе.

Домаќините кои минатата година ги отворија вратите од чифликот за светот на Кајак.мк велат дека гостите најмногу се воодушевени од кристално чистата вода на прекрасната река Белешница која тече низ густата зелена шума. Ова река од 2002-та година е заштитена како споменик на природата.

Тимот на Кајак.мк го препорачува местото за љубителите на активниот туризам, за спортување на отворено, медитирање, јога и секако дегустирање навкусната храна која се подготвува овде. Околу чифликот ќе може да галите и да уживате со домашни животни кои го живеат својот спокој овде.

Како новост во
понудата на чифликот е изнајмување на АТВ мотори со кои можете да го истражувате
регионот на многу повозбудлив начин.
Повеќе информации
за АТВ турите во регионот, можете да прочитате со еден клик ОВДЕ.
Доколку сакате да извршите резервација во чифликот, тоа ќе може да го направите со еден клик ОВДЕ.
Ресторанот на мотелот можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Dragi Talevski
16.08.2022 05:48
Preubavo mesto, priroda, motel - restoran za odmor so smestuvanje, odlicen personal, muzika za vikend, vkusna hrana, i prifatlivi ceni da mozi sekoj da gi vidi ubavinite na toj del od Porecieto. Sme bile povekje pati, no nikogas dovolno, so sekoe povtorno odenje otkrivas nesto novo so koe povekje se privrzuvas kon mestoto - Ciflikot
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.