16.07.2021
Вила на Беровско со свој приватен базен и сауна
Вила на Беровско со свој приватен базен и сауна
Од Охрид, денеска
правиме обиколка околу Беровско езеро. Јеп, Беровското езеро за нас е иделано
да го уживате 365 дена од годината. Особено е идално за оние дигитални номади
кои работат онлајн и може да ја понесат својата канцеларија каде и да посакат.
За љубителите на активниот туризам, оние кои бараат изговор за да движат во текот на денот се со цел да истражат што е можно повеќе скриени локации, Берово е една од најдобрите дестинации за тоа.

Кога станува збор за престој, среќни сме што на нашата платформа може да се најде еден куп уникатни сместувања. Една доста уникатна вила која е дел од нашата база е „вила Иван“ која располага со свој приватен базен и сауна.

Среќни сме што домаќинот Иван ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк, а она што не прави нам уште посреќни е тоа дека вие имате опција повеќе каде ќе може да дишете чист планински воздух.

Иван вели дека добар тен може да се добие и на планина, а предноста на планината е тоа што нема да се слуша бучава од сите страни. Според домаќините, Беровскто езеро е идеално за луѓето кои бараат начин како да побегнат од сите и да земат воздух.

Вилата има
одлична местоположба и се наоѓа на 300 метри над Беровското езеро. Располага со
скара, фурна и сауна. Се наоѓа во мирна и тивка област со поглед кон
Беровското Езеро и кон боровата шума. Има голем двор каде се наоѓа базен, детско катче,
летниковец. Исто така вилата дозволува влез за миленици.
Доколку сакате повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.