15.12.2021

Сакам да готвам во природа, тоа ми дава слобода и спокој

Сакам да готвам во природа, тоа ми дава слобода и спокој

Тимот на Кајак.мк ве запознава со уште еден интересен локален номад со кој би имале интересна соработка во текот на наредната летна сезона.

Живее и работи во Радовиш, а за луѓето во градот е познат како Гонев, а на социјалните мрежи луѓето го следат како „Gonev- The modern Nomad“.


Она што нè привлече да стапиме во контакт со него е неговиот невообичаен начин на кој ја промовира убавината на Македонија, особено дивината на источниот регион на државата.

За Кајак.мк вели дека идејата за "The modern nomad" доаѓа од неговиот начин на живот и неговата љубов кон готвењето. Името го поврзува со неговот концепт на работа. Снимањето на различни локации и приготвувањео храна на рустичен начин е она што асоцира на номадско живеење, а од друга страна билдањето на физичкиот изглед му ја дава придавката модерен.


За Гонев, сето ова започнува како хоби. Љубовта кон проридата и готвењето ги преточува во едно и одлучува целиот процес да го документира преку видеозаписи за кои се надева дека ќе ги следат и практикуваат многу луѓе.

Реакциите кои ги добива се доста позитивни. Ова е нешто кое е комплетно ново и атрактивно, вели тој.


Засега не е фокурисран само на една кујна. Готви јадења од различни светски кујни. Најчесто приготвува омилени и познати јадења кои ги јадат луѓето ширум светот. Гонев вели дека во иднина ќе се фокусира повеќе на традиционални македонски специјалитети, бидејќи преферира да користи органски и свежи производи, а исто така сака да користи алатки кои ги нуди природата.


„Македонија изобилува со прекрасна природа и тоа е една од моите цели, да ја прикажам убавината на природата низ моите видеа. Најчесто ги посетувам источните предели на Македонија. Гледам тоа да бидат места кои во близина имаат река или извор бидејќи при готвењето секогаш се користи вода од местото каде што сум сместен. Не можам да издвојам некои работи кои ја прават Македонија посебна бидејќи навистина имаме прекрадна природа која треба да се негува и чува“, вели Гонев.


Целта на „The modern nomad“ е да ги поттикне луѓето да ја сакаат и чуваат природата, да поминуваат повеќе време на отворено и да конзумираат повеќе здрава храна.

Гонев е новиот локален херој кој прави мали нешта од огромно значење за развој на туризмот во Македонија. Од денеска тој е дел од нашата база на луѓе кои може да понудат уникатно искуство во Македонија.

Неговата авантура може да ја следите на: 

Instagram: https://www.instagram.com/gonevmodernnomad/

ТikTok: https://www.tiktok.com/@go.nev

Facebook: https://www.facebook.com/Gonev.95

Остави Коментар

Коментари

  • Zoran Trajkoski

    18.12.2021 12:30

    Zdravo imam nekolku prashanja do Gonev.prvo dali koga prestavuvame prezivuvanje ili uzivanje ,i pokazuvame ubavinite na prirodata na edna zemja treba da go prolepshuvame so nevistiniti materijali ,hrana i moznosti ili se prikazuva vo relnata smisla .Jas sum cel zivot vo priroda ,izvidnik od moi 11godini {sega imam 54}.planinar ,so site potrebni kursevi za prva pomosh ,prezivuvanje i spasitel dobieni vo bivshata YU,i ushte nekolku tituli ,ili kursevi vo izvidnik ,no toa enebitno gi nabrojuvam samo zaradi toa da pokazam deka sum upaten vo prirodata i vo moznostite na nashata prekrasna Makedonija i ne mozam da razbreram zoshto se potrebni ovie zapadnjacki lagi i ulepshuvanja mesto realnosta .Ovakvite nevistini kako primer bi ja navel daskata so ovoshje kade vo priroda ane vo super market se navedeni sto raboti koi nema shansa vo isto sverme mislam od godinata da gi ima vo prirodata,a koi nekoj koi ne edovolno upaten bi se razocaral bidejki nema shansa da gi najde ,shto e tolku teshko na tolkava izdashnost na nashata priroda da se prikaze realnoto i vistinskite produkti vo vistinsko vreme pa novite koi bi se upatile vo toa i bi imale shansa da ja zasakat taa darba na nashata pridode da uzivat vo realnoto i ostvarlivoto mesto vo populistickite propagandi ulepshani za na internet neshto kako politickite lagi.Dajte im na lujgeto da vidat da se uverat vi vitinskite vrednosti bez toj populizam i ulepshuvanje .dajte im neshto stvarno koe ke go zasakat od dusha a ne zatoa shto nekoj gi izlagal so nevistini .Srdecni pozdravi Zoran P.S. ne e zlonamerna kritikata nego kako strasen vljubenik vo prirodata sakam da ne ima mnogu ,mnogu povejke zatoa shto ova dadeno od boga e blagoslov koi zasluzuva poklonici i zashtitnici

Прочитајте повеќе

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.

Нова планинска куќа во село П’клиште

Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.

Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна

Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.