06.12.2022
Престојувајте во викендица на 1250 мнв во село Саса
Престојувајте во викендица на 1250 мнв во село Саса
Уште од самиот
старт на платформата Кајак.мк, зборуваме дека една од нашите главни цели на
постоењето на Кајак е да ги поттикне сите домаќини да ги отворат вратите од
своите домови за патувачите и да го раскажат својот уникатен свет на луѓето
трагачи по нови приказни и нови искуства.
За класичните патувачи, ваквата идеологија е малце тешко да се соџвака, тргнувајќи од фактот дека ваквиот концепт на промоција на туризмот и руралните убави во Македонија досега не ги развивале многу агенции и платформи. Ние ќе се потрудиме колку што можеме преку нашиот труд да имаме влијание врз идните генерации и да работиме на почитта на различностите.

Денеска, сакаме да ве запознаеме со домаќинот Јоцо, кој ни ги отвори вратите од својата викендица која се наоѓа во село Саса на 1250 метри надморска височина и со наклон на терен 20 степени. Сместувањето е на само 2 часа пешачење од врвот Руен кој е висок 2252 метри.

За оние кои не слушнале за селото Саса, треба да знаат дека ова е планинско селце кое се наоѓа во осоговската област, односно во северниот дел на општина Македонска Каменица. Овде поминува Каменичка река, вклучувајќи ги и нејзините извори во Осоговските планини.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат и престојуваат во селото, треба да знаат дека овде може да ги посетат Саскиот манастир, Каменичката река и секако да разговараат со локалното население кое може да им подари многу информации, а од кое може да набавите и здрава локална храна.

Викендицата на Јоцо е идеална за 6 лица. Располага со 3 соби за спиење, една кујна и една дневна просторија. Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, тоа ќе можете да го добиете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Марио Стојчев
25.12.2024 21:02
Здраво Јоце да прашам викендицата за нова година слободна ли е?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!