26.06.2024

Нова и модерна планинска вила на 1380 метри надморска височина

Нова и модерна планинска вила на 1380 метри надморска височина

Планината Голак секоја година добива нови и модерни вили во кои можете да престојувате! Да, кога зборуваме за модерни вили, сметаме на ваква вила која денеска ја додаваме во базата на Кајак.мк

Вилата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


Уште една прекрасна планинска вила ги отвара своите врати за светот на Кајак.мк, а оваа сместување е идеално за сите кои сакаат да побегнат од жештините и да уживаат на планина. Вилата се наоѓа на Планината Голак околу 1380 метри надморска височина и на околу 10км или 15-20 минутно возење од градот Делчево. Објектот со самиот двор е декориран и модерно опремен во поглемиот дел со природни материјали - даб, природен камен, гранит, и метал.


Вилата располага со 6 апартмани /соби (од кои 3 апартмани се двособни со заедничко купатило) а другите 3 апартмани се еднособни со приватно купатило). Капацитет за 18 лица (плус 3 помошни софи на развлекување за плус 2 лица и едно дете), до максимален капацитет за 20 лица. Ова значи дека можете да уживате со сето ваше друштво.


Свеж и чист воздух и идила од шуми, претежно борова шума. Борова, букова, дабова шума, јасика. Планина Голак е препознатлива под називот “Воздушна Бања.” Исто така во периодот кога цвета борот (месец Март-месец Jуни) воздухот е полн со полен кои има многубројни значајни здравствени бенефити. Едно фудбалско игралиште (2 минути оддалеченост). Кошаркарско игралиште (2 минути оддалеченост). Планински патеки за пешачење / планинарење.ж

Знаеме дека сте заинтересирани за повеќе информации. За повеќе инфо, фотографии како и опција за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!