26.09.2020

Дали сте слушнале за Длабок Дол: Уникатно место во Македонија

Дали сте слушнале за Длабок Дол: Уникатно место во Македонија

Туристичкиот сервер Кајак.мк ве запознава со уште една прекрасна локација во Македонија, именувана како „Длабок дол“. Ова прекрасна фотографија е на Гоце Тасевски.


Тимот на Кајак.мк со особена внимателност ги следи туристичките дестинации кои можеби се помалку познати во јавноста. Затоа би сакале да ви препорачаме доколу се одлучите да го посетите ова место, со вас да понесете хартиени кеси во кои ќе го чувате вашиот отпадок и ќе го вратите назад со вас. Еко-концептот на Кајак.мк мора да биде почитуван. 

Длабок Дол се наоѓа на десетина километри од Гевгелија по патот кој води накај Смрдлива Вода после локалното излетничко место Сифулајка, или десно на околу 20 минути одење од Катеринина чешма во падините на Кожуф.

СИФУЛАЈКА(Bosh festival)

За сите коишто се заинтересирани да истражуваат одредени предели од Кожуф, Кајак.мк во вашата тура ви препрачува да го вклучите и излетничкото место Смрдлива Вода. Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода, се наоѓа на надморска височина од 850 метри, а од градот Гевгелија е оддалечен 24 километри. Пред заминете таму, обрнете внимание на живописната природа која не ви дава да здивнете. Впрочем, покрај самиот пат се наоѓа Конска река која мами со своите диви предели, но и со ендемичните видови растенија, како што е Гол човек (Arbutus andrachne), единствено зимзелено дрво коешто двапати годишно ја менува својата црвенкаста и лушпеста кора.


(apartmani.mk)

На „Смрдлива вода“ работи ресторан „Иц Иц“ во кој можете да дегустирате локални специјалитети.



Кога веќе го посетувате јужниот предел, зошто да не појдете и до „Бел Рај“. Кликнете на насловот за повеќе информации:

Во Македонија навистина постои „Рајот“, а тој се наоѓа на југот од државата



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!