06.09.2021

Од моите овошни насади произведувам здраво масло од лешник

Од моите овошни насади произведувам здраво масло од лешник

Нас не прави среќни фактот дека има луѓе во Македонија, кои судбината пробала да им ги унишни нивните животни копнежи, но тие сепак одлучиле да не и се предадат така лесно.

Интересна и мотивирачка приказна има и Зоран од Струга. Човекот кој од денес е дел од нашата листа на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.


Зоран произведува ладно цедено масло од лешник. Неговата животна приказна и тешката борба со болеста врз која издвојува победа, била главната причина да отпочне со одгледување на лешници и производство на нешто кое тој го нарекува лек против многу болести.

Зоран вели дека има насади со лешници кои се наоѓаат на пет километри од градот Струга, во село Ложани од десната страна по течението на реката Црн Дрим и на 700 метри надморска височина.


Чистата еколошка средина го поттикнала да преземе одговорност и да отпочне со производство на нешто ново, уникатно, невообичаено и ретко на домашниот пазар. По неколкуте спроведени истражувања, одлучиле дека од плодовите кои си собираат од насадите може да произведуваат масло од лешник, кој покрај путерот ќе биде нов предизвик за него и неговото семејство.


Пред месец дена ја купиле машината за производство и започнале со пишување нова приказна. Зоран вели дека производството е лесно, а она што е најважно за квалитетно масло е да се има квалитетен лешник.

Процесот започнува со отстранување на кората и печење на одредена температура. Потоа лешникот продолжува во пресата каде се цаде и се добива ладно квалитетно цедено масло, кое е спремно за конзумирање.


Истото се складира во сталени шишиња без никакви додатоци поради трајноста и задржувањето на здравствените придобивки за кои Зоран вели дека се неверојатни. Почнувајќи од различни витамини и киселини, калциум, магнезиум, железо и ред други минерални супстанци кои заедно комбинирани го создаваат „Еликсирот за здравје“.


Ваквото произведено масло кој е богато со Омега-3 масни киселини, помогна во намалување на ризикот од срцеви заболувања, намалување на лошиот холестерол и намалување на воспалението. Содржи голема количина на мононезаситени масла како Омега-9, кои ја подобруваат циркулацијата на крвта, додава производителот.

Уникатната приказна на Зоран залужи место во нашата база на „Гастономија“ каде може да најдете директен контакт од него, а воедно Зоран е дестинација која е дел од нашите понуди за тим-билдинг патувања за кои може да аплицирате со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Valentina Petkovikj

    03.11.2022 15:03

    Sakam da kupam maslo od lesnik, go ima li vo Skopje!

  • Jovan Stojanovski

    06.09.2021 18:46

    И јас имам лешници како да стапиме во контакт.

Прочитајте повеќе

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.