23.02.2021
Кампувавме на Шара на -20 степени и ветер со брзина од 117км/ч
Кампувавме на Шара на -20 степени и ветер со брзина од 117км/ч
Крај
на месец февруари. На југот на Македонија првите сигнали на пролетта, на
северот се уште длабока зима.
Нашиот
тим во наредниот период ќе се фокусира на зимата, бидејќи сега е вистинскиот
рај доколку се качите на некоја планина. Над вас сонце, а под вас снег.
Ние
разговаравме со Ирина Дишовска, девојката која ужива да биде активна на
планините. Ирина во моментот се наоѓа во Африка каде минатата недела се искачи на
Килиманџаро. 
Ирина
за себе вели дека е авантурист. Подолго време размислувала за зимски кампинг, а
идејата решила да ја реализира заедно со нејзиниот пријател Лазо Миновски на
Шар Планина.
Она што е доста интересно е фактот дека самите тие ги
одбрале едни од најстудените денови, кога
на Шара имало
студен зимски бран, најавен неколку недели претходно.
Температурата
се движела околу -15 степени (дневна температура), а во текот на ноќевањата температурата
надвор била под
-20 степени, но со ветер и налети на ветрот од над 100км/ч имале чувство како
да е -30 степени целзиусови.
Внатре во шаторот температурата се движела околу -10 степени. 
За
реализација на турата биле психички подготвени. Ирина вели дека очекувале
потешкотии. Но опремата која ја носеле била перфектна за вакви услови, што
воопшто не наишле на никаков проблем.
Од опрема имале експедициски шатор, експедициски чизми, експедициски ракавици,
експедициски вреќи за спиење до -50 степени, експедициски јакни итн. Во овој
случај не оставиле простор да имаат проблем во однос на ниските температури.

Чувството да се кампува кога надвор вее снег е прекрасно, низ смеа раскажува
Ирина. Но додава дека имало сериозни удари од ветер. Од метеоролошката станица
на ски центарот Попова Шапка, втората вечер бил измерен ветер со брзина од
117км/ч, кој траел
од 2 до 5 часот утрото. Со ваков ветер немале можност да заспијат. Звукот
на ветерот едноставно не го доволува тоа, вели таа.
Независно дали утрото е сончево или мрачно какви што биле нивните, чувството да
се пробудите наредниот ден дава позитивна енергија поради тоа што сте ја издржале
ноќта. Според неа, не се работи за тоа дали ќе ја “издржат“ ноќта, туку дали ќе
издржи кампингот, а шансите да не се случи тоа на таков ветер биле навистина
огромни.

Ирена ги советува сите кои размислуваат за кампување во зимски услови дека
треба да бидат спремни и за најдобри и најлоши временски услови. Временските
услови на планина вртоглаво се менуваат. Секој треба да е максимално
психофизички подготвен и да носи навистина добра опрема. Таа напомена дека мора
тоа да биде експедициска опрема, кое е нешто што апсолутно се носи на зимско
кампување. Со добра опрема ризикот да тргне нешто на лошо се сведува на
минимум. И никогаш не заборавајте да ја понесете со вас насмевката, вели Ирина.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?