10.10.2021
Етно куќа во Преспа: Престојување кое нуди искуство од друга димензија
Етно куќа во Преспа: Престојување кое нуди искуство од друга димензија
Летните месеци се идеални да скршнете до
некоја дестинација каде мештаните се вистинските локални херои кои ќе ве
запознаат со историјата и традицијата на регионот.
Во базата на Кајак.мк имаме една таква етно куќа во која може да престојувате и да го почуствувате духот на преспанскиот регион и начинот на кој локалните жители живеат во текот на цела година.

Вила Преспа се наоѓа во селото Долно Дупени, а она по што е специфично ова сместување е фактот дека домаќините овде ви подготвуваат традиционални појадоци секое утро.

Домаќинот Александар за Кајак.мк вели дека вилата е лидер во "green hospitality". Модерен и минимален дизајн со традиционални детали. Објектот во кој денеска престојуваат гости претходно бил стара куќа која е реновирана со цел пренамена за upscale рурален туризам.

При конверзијата се водело сметка да се зачува што повеќе од
традиционалниот декор и ентериер, но исто така воведени се и системи и
протоколи кои гарантираат минимално штетно влијание на околината
(еколошко греење, ЛЕД расвета, carbon-offset програма, целосно третирање на
отпадната вода, соларни бојлери, еколошки локални материјали при градба,
биоразградлива козметика и детергенти, без single dose козметика, еко активности,
итн.).

Преспа, за разлика од остатокот од Македонија, е регион недопрен од дивата урбанизација и место каде што може вистински да се ужива во хармонија со природата. Вила Преспа го надополнува целото искуство во Преспа со тоа што овозможува комфорно сместување и квалитетни активности во традиционалниот амбиент на Долно Дупени, едно од најсликовитите села во Долна Преспа.

Македонскиот дел на Преспа е регион со одличен потенцијал за пешачки и велосипедски тури (mtb/road), како и активности на вода (SUP/кајак) (располагаат со опрема која им е достапна на гостите). Освен активните тури, атрактивни се и историските знаменитости на Преспа, како и блиските Пелагонија и Охрид (бројни средновековни цркви и манастири, како и археолошки наоѓалишта од различни епохи) кои може да се посетуваат преку целата година.

Островот Голем Град во големото Преспанско Езеро е дел од НП Галичица, единствен во регионот по своето природно, културно и историско наследство (на барање се организираат тури до островот). На барање на гостите може да се организираат и демонстрации за готвење на локални и традиционални јадења, како и активности кои вклучуваат посети на локални фарми и запознавање со соседите и пријатели од Долно Дупени и околните села.
Доколку ви се допадна идејата за престој во вила Преспа, а сакате да дознаете повеќе информации за сместувањето, да погледнете повеќе фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!