22.01.2022

Планинска куќа во Ниже Поле идеална за цела фамилија

Планинска куќа во Ниже Поле идеална за цела фамилија

Планинската куќа Дамаја е идеална за луѓето кои имаат големи семејства или за цела фамилија. Тимот на Кајак.мк ви го препорачува ова сместување доколку сакате да отпатувате на планина каде вашите деца ќе може да ги направат првите пуштања по ски стаза. 


Зошто го велиме ова? Ова го велиме затоа што во Ниже Поле се наоѓа ски центар кој е идеален за деца почетници, а вила Дамаја покрај сместувачкиот капацитет нуди и ски опрема како и ски инструктор. 


Вилата е идеална за сите временски периоди. Во летниот период околината и дворот на вилата се средени, има чадори за сонце, поставени лежални за сончање, а во текот на ова летна сезона домаќините имаат план да постават монтажни базени. Во дворот има лулашки за деца и камин за правење скара. Домаќините на вилата организираат и тури за пешачење до езерата наречени „Пелистерски очи“.


Зимскиот период покрај топлиот смештај, вилата изнајмува и скии и санки, а исто така има и инструктор за часови по скиење. Зависно од желбите на гостите, домаќините може да подготват и домашна храна. Местото во кое се наоѓа вилата е прилично мирно и е идеално за вистински одмор, а во околината нема многу објекти.


Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!