09.08.2023

Во Македонија има приватен базен сокриен во лешникова шума

Во Македонија има приватен базен сокриен во лешникова шума

Ако барате уникатни места во Македонија каде би можеле да појдете со вашето семејство, пријатели, колеги од работа или можеби сами, тогаш на Кајак.мк ќе најдете сѐ.

Дури и во селцата и во средините каде што сте помислиле дека нема ништо, тимот на Кајак.мк успева да изнајде идеални атракции за целодневни искуства. Денеска ве водиме во селото Скачковце кое се наоѓа на 15 километри јужно од Куманово или на 50 километри од Скопје.


Во периферијата на селцето има прекрасни пространи плантажи со лешници или како што милуваме да кажеме густа лешникова шума која ќе ви помогне да побегнете од сите и да уживате сами на прекрасниот базен кој од денеска е достапен за изнајмување преку платформата Кајак.мк. Домаќините кои ни ги отворија портите на приватната оаза велат дека со години инвестирале во базенот за да може денеска да им биде на располагање на сите авантуристи кои се во потрага по нови искуства.

Базенот има оптимален капацитет за 10 до 15 лица. Самиот простор е организирано со нови тоалети, соблекувална, тушеви, лежалки, столчиња и тенда покрај базенот, како и летниковец со скара.


Базенот има двојно посилна филтрација која ја задржува чиста водата, а непосредно пред влезот на патеката која води до базенот има простран паркинг каде може да се паркираат повеќе возила. Во околината на базенот нема соседни објекти на кои би им сметала гласна музика, што на гостите им овозможува максимално уживање во текот на целиот ден.


Во близина има преубав манастирски комплекс Св.Троица Скачковци кој може да го посетат оние кои ќе се одлучат да го посетат самото село. Повеќе информации, локација и контакт за резервации ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?