10.08.2022
Организираме еднодневни диви тим билдинг патувања до островот „Голем Град“
Организираме еднодневни диви тим билдинг патувања до островот „Голем Град“
Целта на тимот на Кајак.мк е да им наметне на компаниите навика да ги изнесуваат своите вработени во природа каде би биле физички активни, би учеле за природата, би се запознавале со нови места и секако би им дале поддршка на локалните мештани кои нашиот тим ги вклучува во приказните. Кајак.мк гради еден поинаков свет, во кој секој заслужува да биде среќен и свет во кој конечно ќе им се даде предност на оние кои досега не биле забележани на туристичката мапа во Македонија.

Денеска сакаме да ве информираме дека изградивме тим од лиценцирани водичи кои со задоволство би организирале еднодневно истражување на преспанскиот регион, со посета на островот Голем Град. Нашата агенда вклучува ручек на локални фарми и фамилии кои го промовираат локалкниот туризам, посета на островот Голем град со лиценциран водич и со изнајмување на кајчиња.
Преку еднодневното друштвено патување ќе можете да направите прекрасни фотографии од нашиот единствен остров во Македонија кој е дел од Националниот парк Галичица.

Поради високите природни и културни богатства кои ги има
„Голем Град“ на ваква релативно мала површина од само 23 хектари, овој остров
се наоѓа во зоната на строга заштита.
Она што најмногу нè радува ефактот дека на осторовот отсекогаш имало мало човечко влијание, а со помош на спефицичната клима ова му овозможува на островот богата биолошка разновидност.

Можеби за вас е малку
познат фактот дека островот има статус за еден од најдобрите отворени херпетолошки лаборатории во Европа и дека секоја
година на него престојуваат истражувачи од повеќе држави.
Сигурно со самото читање на насловот, Вам ви падна на памет „Змиски остров“ и што би било интересно за набљудување на островот?

Да, точно е дека на островот има голема популација на змијата рибарка, но интересен феномен претставува и присуството на Хермановата желка, чија популација, во однос на површината е најгуста во Европа и брои околу 2000 единки, а интересен е фактот на една женка има 15 мажјаци единки.
На островот може да се забележат доста остатоци од цркви, ранохристијански базилики и римски куќи. Од сите објекти најзачувана е црквата Св. Петар за која се вели дека датира од 14-ти век и која е прогласена за споменик на културата.

По возењето со кајчето околу островот, сигурно би сакале да посетите локални фамилии и фарми кои подготвуваат вкусни јадења под отворено небо? Нив не би ги изоставиле од агендата секако.


Ова е уште една
можност за компаниите кои се заинтересирани да им понудат на своите вработени
еден поинаков тим-билдинг во дивината.
Доколку сакате да
ни испратите барање, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Zvonko Petroski
11.08.2022 09:27
Работите прекрасно, навистина, според она што го прочитав како организирате. Туризмот во Македонија МОРА да се развива повеќе. Не е само хотели и плажи. Островот го посетив пред 3-4 години, реткост е за да се посети.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!