28.04.2020
Грција разгледува нови мерки за поголема заштита на туристите!
Грција разгледува нови мерки за поголема заштита на туристите!
Во Грција мерките против ширењето на коронавирусот ќе бидат постепено укинати, меѓутоа, животот и однесувањето на грчките плажи ќе биде радикално поинаков од тоа на кој жителите и туристите се навикнати, пишува вечер.
Научниците тврдат дека вирусот преку вода не се пренесува лесно, но портпаролот на грчкото министерство за здравство и инфектолог Сотирис Циодрас тврди дека пливањето во областите каде нема метеж претставува мал ризик, пренесува порталот Greek Reporter.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Македонските туристички агенции најавија почеток со работа од 4-ти мај |
Сепак, наведува порталот, важно е тоа што го правиме кога не сме во вода и тоа за грчките власти претставува најголема опасност, поради што сметаат дека е неопходно да се воведат одредени мерки. Зрадаи заштита се размислува секој турист да мора да има писмен доказ дека не е заразен од корона, стручна медицинска потврда издадена најмалку 14 дена пред влез во Грција.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Зошто треба да го посетите турскиот брег ова лето! |
Меѓу мерките кои властите ги разгледуваат се поединечно влегување на организирани плажи за да се избегне метеж, чистење на лежалки со посебни дезинфекциски средства по заминувањето на капачите, одржување на дистанца меѓу лежалките и чадорите, резервација на лежалки.
Исто така, плажите дефинитивно уште некое време ќе бидат празни бидејќи не се очекува сезоната да почне пред јуни. Сето ова ќе значи помал број на туристи во хотелите, рестораните и на плажите, примена на мерки кои бараат трошок и ангажман на многу вработени а тоа би можело да значи и повисоки цени на услугите.
Lloyd Dirks
Се очекува дека само туристите од одредени земји ќе може да влегуваат во земјата, засега не е утврден бројот и изборот на држави од кои ќе се примаат туристи но, тоа пред се ќе зависи од степенот на епидемијата која се проширила во конкретна држава. Македонија, Бугарија и Србија, според грчките медиуми, би требало да бидат меѓу државите ќии туристи ќе се примаат во Грција.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Околу 90% од граѓаните би отишле на одмор доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола |
За Грците е удар тоа што владите на Австрија, Германија и Холандија им препорачаа на своите граѓани годинава да не заминуваат на одмор во странство, а тие се најбројни туристи на грќите плажи.
COVER:
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Албанија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба до 23-ти јуни
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!