26.04.2020
Македонските туристички агенции најавија почеток со работа од 4-ти мај
Македонските туристички агенции најавија почеток со работа од 4-ти мај
-Македонските туристички агенции најавија официјален почеток со работа на 4 мај и враќање кон нормалните работни обврски кои ќе значат подготвување за годинашната сезона.
-Пандемијата не делуваше врз зголемување на цените на понудите, остануваат исти, а резервациите “first minute“ по најниски цени, преку новоиздадени ваучери, ќе можат да се искористат до крај на 2021 година.
| ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Се подготвуваат нови правила за авиопревозот |
Грција е една од омилените туристички дестинации на македонските туристи. Своите туристички објекти таа планира да ги отвори во периодот од 15 јуни до 1 јули и така да започне со мало задоцнување годинашнава сезона. Таа планира да им даде влез во државата на туристи само од одредени земји, главно од Балканот, додека за Западно Европските земји каде што вирусот зеде најголем замав, најверојатно ќе стави црвено светло. Со тоа Грција планира да има туристичка сезона и таа годинава да трае подолго.
-Од 4 мај, постепено, Грција се враќа во нормала – изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис. Тој во интервјуто за грчката телевизија “Скај” изјави дека секоја седмица ќе имаат по едно отворање.
ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје |
@jeshoots
-Ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, кон средината на јуни отвараме врата за туристите, но внимателно. Ќе дозволиме влез на турсити од региони кои имаат стабилни бројки во борбата со пандемијата. Нашата цел е туризмот да се активира, под услов да се заштити јавното здравје и да се прават неопходните контроли за да можеме да го грантираме нивото што го имаме денес. Сакам да потенцирам дека благодарение на направените напори, нашите туристички дестинации останаа незаразени, немаме многу големо ширење на вирусот на нашите туристички дестинации и ова ни создава надеж, но и многу голема одговорност да го задржиме ова ниво – рече државниот министер на Грција за ТВ „Скај” .
ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Туризмот во Турција се враќа во средина на мај |
Дека туризмот во Грција наскоро се враќа во живот, потврди и портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.
ЧИТАЈ ПОДОЦНА:Теохарис: Се стремиме границите во јули да бидат отворени за туристите |
Македонските туристички агенции најавија официјален почеток со работа на 4 мај и враќање кон нормалните работни обврски кои ќе значат подготвување за годинашната сезона. Нивните очекувања се дека оваа година ќе имаме продолжена сезона. Она што е добра вест е што ситуацијата со пандемијата не делуваше врз зголемување на цените на понудите, тие практично остануваат исти, а напоменуваат дека сите резервации “first minute“ по најниски цени, кои беа направени пред кризата со пандемијата, важат преку новоиздадени ваучери кои клиентите ќе можат да ги искористат до крај на 2021 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Од RyanAir велат дека доколку се принудени на „идиотско“ социјално растојание- тие нема да летаат
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ги мотивирам луѓето да купуваат македонски производи дирекно од градините
Запознајте го Филип Димкоски – агроном, новинар и основач на „Градината на Филип“, кој ги учи луѓето како да одгледуваат сопствена еколошка храна.
BIT 2026 Милано: Светски центар на иновативен и одржлив туризам
BIT 2026 во Милано започна денес! Откријте ги најновите туристички трендови, иновации, одржлив туризам и глобални можности за туристички оператори и дестинации, вклучувајќи Македонија.
Њујорк 2026 – туристички водич за знаменитости, локални тури и незаборавни искуства
Откријте го Њујорк во 2026: Статуата на слободата, Central Park, Times Square и скриени локални тури. Совршена дестинација за култура, гастрономија и авантуристички патувања.
Отворено ново приватно СПА искуство на Беровското Езеро
Со Кајак.мк до сите спа сместувања во Македонија и надвор.
Европа очекува рекорден туристички бран: Водечки регион во светскиот туризам
Европа ја зацврстува позицијата на водечки туристички регион и очекува рекорден туристички бран. Прочитајте кои се најважните трендови и економски придобивки од туризмот.
Weekend getaway во Македонија: совршена дестинација за кратко, но незаборавно патување
Викенд патување во Македонија – идеи за краток одмор со езера, планини, локална храна и уникатни сместувања. Откријте автентични искуства.