12.04.2022
Засадивме нови 1500 дрвца заедно со Miracle Mill
Засадивме нови 1500 дрвца заедно со Miracle Mill
Ако нè прашате на што најмногу се радуваме во Кајак, тогаш нашиот одговор би бил најмногу сме среќни на фактот што се повеќе компании ни се приклучуваат на нашите „еко тим-билдинг“ настани кои ги организираме се со цел да засадиме нови дрвца. Втора причина поради која сме радосни е моментот дека на повеќето од акциите гледаме исклучиво млади и амбициозни луѓе кои сакаат да направат нешто добро за Македонија.

Компанија со доста млади, позитивни и среќни луѓе која викендот (ден пред дождот, што нè радува :) засади нови 1500 дрвца е Miracle Mill. Нашиот автобусот полн со позитивни мисли, успеа во еден ден да направи среќни многумина. Ги направи среќни самите вработени поради како што велиме ние „добрината која ја направиле со пошумувањето“, го направи среќно локалното население, но и произведувачите на слатко и вино.

Покрај акцијата за пошумување, ние ја посетивме и фантастичката „Royal Winery Queen Maria“, каде денот го заокруживме со дегустација на вината кои ги произведува винаријата. Овде ги набројуваме Шардоне Равин, Розе Ендлес Пашн, Кабернет Совињон Равин, Мерлот Равин и Мускат Отонел Класик.

Среќни сме што ги запознавме Miracle Mill. Драго ни е што во Македонија има работници како нивните и од денеска им посакуваме топло „Добредојде“ во нашето големо „ЕКО- СЕМЕЈСТВО“.
Повеќе фотографии од акцијата можете да погледнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија