17.03.2020

Карантин и забрана за патување: Листа од 38 земји кои имаат ограничувања поради коронавирусот!

Карантин и забрана за патување: Листа од 38 земји кои имаат ограничувања поради коронавирусот!

Шпанија
Шпанија е втора најтешко погодена земја во Европа, по Италија. За да се спречи ширењето на инфекцијата, премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во саботата објави 15-дневно делумно изолирање. Граѓаните можат да бидат казнети ако се најдат надвор без оправдани причини. Училиштата, рестораните и баровите се затворени.

Швајцарија
Швајцарија затвори училишта, забрани јавни собири на повеќе од 100 лица и ограничен пристап до ресторани, барови и клубови до максимум 50 лица. Бројни ски-центри, исто така, привремено се затворија. На границите спроведуваат дополнителни процедури за скрининг, а голем број на граници меѓу Италија и Швајцарија се затворени.

Велика Британија
Во вторникот, 17ти март, владата на Велика Британија ги советуваше луѓето да избегнуваат непотребни патувања и да работат од дома ако е можно.

Египет
Од четврток, 18 март, Египет ќе ги прекине сите дојдовни и појдовни летови на две недели.

Израел
Израел во име на јавното здравје и ограничување на ширењето на коронавирусот почна со ускратување на граѓанските слободи на неговите граѓани, тврди „Форин полиси“. Новата владина мерка би и овозможила на израелската национална разузнавачка служба позната како Шин Бет да ги следи Израелците заразени со вирусот како и лицата кои се во контакт со нив.

Грција
Целосно затворање на границите со Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки, се дел од одлуките донесени на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет.

Напомена: Информациите трпат постојани промени! Доколку патувате во некоја од земјите, кајак.мк ви препорачува да бидете во постојана консултација со надлежните органи.

Фото:Madrid's Gran Via Street empty during the COVID-19 lockdown ©Guilermo Guterrez Carrascal/SOPA Images/LightRocket/Getty Images
Напоменуваме дека ова листа не ги содржи сите земји. Доколку имате патување, ве молиме контактирајте ги надлежните органи!


  1. ДАЛИ МОЈАТА АВИОКОМПАНИЈА ЌЕ МИ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈТЕ ОВДЕ!

  2. ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!


  3. СИТЕ ОСТАНТИ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!