13.07.2021

Хотел во Крушево на локација идеална за активен туризам

Хотел во Крушево на локација идеална за активен туризам

Во пресрет на фестивалот „When in Krushevo“ тимот на Кајак.мк направи обиколка се со цел да ве запознае со сместувачките капацити со кои располага градот идеален за активен туризам.

Крушево е град кој нуди доста атракции преку цела година. Од јавање коњи, параглајдинг, кајакарење, па се до изучување на историјата, уметноста и традицијата.


Непишано правило е дека секој кој живее во Македонија мора барем еднаш во животот да го посети и да престојува во градот.

Ние денеска ќе ве запознаеме со домаќинката Ирина, која ги отвори вратите на хотел Скоприон за патувачите на Кајак.мк.

Нејзиниот хотел се наоѓа наспроти спомен куќата на Тоше Проески и е идеален за секаков тип на гости. Објектот се наоѓа во прекрасна околина, а просториите нудат извонреден поглед. За туристите кои сакаат мирно опкружување и тишина, тоа ќе може да го добијат овде.


Хотелот се наоѓа веднаш до шумските патеки, што преставува идеална појдовна точка за сите активни туристи. Се препорачува и на фамилии поради комфорот, храната која се служи во ресторанот и дизајнираниот ентериер.

Хотелот е опкружен со најзначајните музеи и споменици карактеристични за Крушево како и природа.


Во непосредна близина се Спомен куќата и гробот на Тоше Проески, споменикот Македониум, споменикот на Никола Карев, музеј на НОБ, Крушевско езеро, спортски терени за фудбал, тенис, финтес на отворено, спортска сала, детско игралиште и месноста Гумење.

Доколку сакате повеќе информации, контакт и фотографии од хотелот кликнете ОВДЕ.


Foto: Ali Nuredini

Доколку се одлучите за престој во хотелот, ова се дел од турите кои може да ги организирате:

Хотел – Музеј на НОБ – Корзо – Езеро - Хотел (приближно време 30 минути)

Хотел – Спомен куќа на Тоше Проески –Гумење - Гроб на Тоше Проески – Споменик

Македониум – Корзо – Езеро - Хотел (приближно време 30 минути)

Хотел – Црква Св. Недела – Езеро – Хотел (приближно време 30 минути)

Хотел – Бегова Корија – Ски Центар Станич - Хотел (приближно време 1 час 30 минути)

Хотел- Бегова корија – Месност Слива – Езеро - Хотел (приближно време 2 часа 30 минути)

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.