18.03.2020
Има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона!
Има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона!
Итен повик од министерот за надворешни работи, Никола Димитров
Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината, пишува министерот на својот официјален профил.
Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации.
На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени.
Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија. Емаил адресите на ДКПта се достапни на сајтот на МНР тука https://mfa.gov.mk/ (ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот).
Потребни податоци:
- име и презиме
- број на патна исправа
- контакт телефон
- земја и град каде се наоѓате
- дали имате регулиран престој во било која странска држава
Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, ве замолувам тоа да го сторите до 17 часот, четврток 19 март.
Ќе направиме се’ што можеме, водејќи сметка И за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство И за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома.
ТЕКСТОТ Е ПРЕЗЕМЕН ОД ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА МИНИСЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, НИКОЛА ДИМИТРОВ!
Повеќе информации од МНР, ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ!
СИТЕ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО ПАТУВАЊЕТО И КОРОНАВИРУСОТ ЧИТАЈТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.