12.08.2021
Произведувам Охридско макало исклучиво од македонски домашен лук
Произведувам Охридско макало исклучиво од македонски домашен лук
Неодамна тимот на
Кајак.мк отвори уште една категорија именувана како „Гастромонија“. Цел на новата
рубрика е да ги собере сите уникатни места низ Македонија каде може да се дегустираат
производи кои се направени со многу љубов.
Ние како поддржувачи на домашната храна, отсекогаш сме биле стрвни да запознаеме нови локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија.

За развој на туризмот,
храната игра огромна улога, па кога сме веќе кај неа, сакаме да ве запознаеме
со Димитар, човекот кој како дипломиран менаџер по царина и шпедиција успва да
се пронајде во гастрономското семејство на Slow Food Macedonia.
Димитар за Кајак.мк
вели дека никогаш не го работел тоа што го студирал од причини што својата
кариера ја пренасочил кон храната, со особен акцент на познатото „Охридско
макало“.
Неговата приказна започнала да се развива од малото рибарско село Трпејца, место од каде потекнува неговата сопруга. Семејството на неговата сопруга има свој ресторан кој се наоѓа покрај самата плажа, а кое работи само преку летната сезона.

Во екот на
сезоната Димитар е од огромна помош за ресторанот се со цел да се задоволат
гостите. Веќе цели 20 години се заминава со аматерско готвење, за кое вели дека
обожава да готви за своето семејство и пријателите.
Инспирација му се
жените- трпејчанки, за кои вели дека уживаат додека подготвуваат риба и Охридско
макало на традиционален начин.
Во ресторанот на неговата сопруга, како главен специјалитет е свежата риба набрана од крајбрежјето на Трпејца, заедно со тазе потпечено лепче и домашно малако. Секојдневното среќавање со локалната храна во Трпејца го поттикнува Димитар да отвори своја продавница во која наместо класични сувенири ќе продава спакувана домашна храна. Целта од постоењето на продавницата како што вели тој е да ги задоволи потребите на туристите кои наместо магнети или накит ќе се одлучат да купат домашно Охридско макалото како подарок за своите најблиски.

За нештата да
останат исти како што биле во минатото, Димитар се одлучил макалата да ги
произведува онака како што им доликува. Денеска, во неговата продавница „Papa’s
Food Ohrid“, може да се најде макало
кое е произведено од 100 проценти домашни производи.
Дел од лукој кој го соодржи макалото е од неговите насади во село Косел, а останатиот дел го откупува од домашни добавувачи.

Макалото се полни во телгичките во самиот моменто кога е направено се со цел да се истисне воздухот и задржи квалитетот. Во моментот немаат масовно индустриско производство, па од тие причини макалото зависи од бербата и временските прилики во текот на годината. Како што вели Димитар, досега немале промашено година, бидејќи знаат дека македонските производители нудат секогаш квалитетни производи.

Покрај макалото,
во продавницата може да се најде сертифицирано македонско органско вино, како разни
барикирани вина од малите семејни винарии.
Како за крај на ова гастрономска приказна не смееме, а да не ги потенцираме губиите и тараната кои може да се најдат во Papa’s Food Ohrid. Исто како и Охридското макало, овие производи се прават по традиционален рецепт со домашни јајца и млеко.
Доколку сакате да го контактирате Димитар, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Биљана Арсовска
16.08.2021 10:12
дали има некаде во Скопје да се купи од макалото?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!