Охридско макало кај Димитар. Контакт: 078 231 500
За развој на туризмот,
храната игра огромна улога, па кога сме веќе кај неа, сакаме да ве запознаеме
со Димитар, човекот кој како дипломиран менаџер по царина и шпедиција успва да
се пронајде во гастрономското семејство на Slow Food Macedonia.
Димитар вели дека
никогаш не го работел тоа што го студирал од причини што својата кариера ја
пренасочил кон храната, со особен акцент на познатото „Охридско макало“.
Неговата приказна
започнала да се развива од малото рибарско село Трпејца, место од каде
потекнува неговата сопруга. Семејството на неговата сопруга има свој ресторан
кој се наоѓа покрај самата плажа, а кое работи само преку летната сезона.
Во екот на
сезоната Димитар е од огромна помош за ресторанот се со цел да се задоволат
гостите. Веќе цели 20 години се заминава со аматерско готвење, за кое вели дека
обожава да готви за своето семејство и пријателите.
Инспирација му се
жените- трпејчанки, за кои вели дека уживаат додека подготвуваат риба и Охридско
макало на традиционален начин.
Во ресторанот на
неговата сопруга, како главен специјалитет е свежата риба набрана од крајбрежјето
на Трпејца, заедно со тазе потпечено лепче и домашно малако. Секојдневното
среќавање со локалната храна во Трпејца го поттикнува Димитар да отвори своја
продавница во која наместо класични сувенири ќе продава спакувана домашна храна.
Целта од постоењето на продавницата како што вели тој е да ги задоволи потребите
на туристите кои наместо магнети или накит
ќе се одлучат да купат домашно Охридско макалото како подарок за своите
најблиски.
За нештата да
останат исти како што биле во минатото, Димитар се одлучил макалата да ги
произведува онака како што им доликува. Денеска, во неговата продавница „Papa’s
Food Ohrid“, може да се најде макало
кое е произведено од 100 проценти домашни производи.
Дел од лукој кој
го соодржи макалото е од неговите насади во село Косел, а останатиот дел го
откупува од домашни добавувачи.
Макалото се полни во телгичките во самиот моменто кога е направено се со цел да
се истисне воздухот и задржи квалитетот. Во моментот немаат масовно индустриско
производство, па од тие причини макалото зависи од бербата и временските
прилики во текот на годината. Како што вели Димитар, досега немале промашено
година, бидејќи знаат дека македонските производители нудат секогаш квалитетни
производи.
Покрај макалото,
во продавницата може да се најде сертифицирано македонско органско вино, како разни
барикирани вина од малите семејни винарии.
Како за крај на
ова гастрономска приказна не смееме, а да не ги потенцираме губиите и тараната
кои може да се најдат во Papa’s Food Ohrid.
Исто како и Охридското
макало, овие производи се прават по традиционален рецепт со домашни јајца и
млеко.
ЛОКАЦИЈА