13.03.2021

Во Македонија може да престојувате и во „музеј“ стар 300 години

Во Македонија може да престојувате и во „музеј“ стар 300 години

Чујте и почујте, тимот на Кајак.мк ви ја преставува една од најживописните и најимпресивни куќи во Кратово која е достапна за изнајмување, а  која функционира и како фолклорен музеј.


Одлична идеја која може да донесе многу туристи во македонските села. Куќата се наоѓа во Кратово и оттсега може да ја резервирате преку нашата категорија „приватни сместувања“.

Ова прекрасно живописно планинско градче е идеално да го посетите во текот на пролетта и летото. 

Во 2009-тата година, сопственикот Стевче Доневски ја купува ова 300 годишна куќа од семејство чии членови биле трговци кои со години наназад продавале ткаенини во Солун и Дубровник.


Стевче се одлучил куќата да ја претвори во фолклорен музеј со простории за престојување. Хостелот го именува како „Шанчева“, кое име е од првиот сопственик на куќата, Шана.

Куќата е реставрирана. Направена е од дрво кое е покриено со малтер. Пред купувањето, во куќата на приземјето имало продавница за ткаенини и суровини од Солун. На првиот спрат била трпезаријата, дневната соба и трите спални соби. 


Доневски вели дека куќата е обновена со зачувување на симболиките како што е стариот традиционален мебел. Во сите делови од куќата се изложени традиционални предмети, носии, рамки, предмети од секојдневиоето, контејнери, бокали кои се собирани со многу истражување.


Пред заминување, гостите може да купат локални ракотворби, керамички саксии, бокали, џемови, мед, ракии, ароматични билки, сол, зачини и вино. Во куќата има и кујна за гостите каде може да дегустираат традиционален доручек кој го подготвува Валентина, сопругата на Стевче.

Во музејот и собите имаат свои имиња. Првата соба со три кревети е именувана како Кратово, а останатите три се Кратизара, Коритон и Кратер. Нема ништо подобро од тоа да го вратиме на мода нашето минато. Поимот „луксуз“ има различни сфаќања, наше е како ќе го дефинираме. 


Доколку сакате да погледнете повеќе информации за сместувањето, цена и контакт за изнајмување, кликнете ОВДЕ. 


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!