18.11.2020

Вила на Мавровско езеро со прекрасен поглед достапна за изнајмување

Вила на Мавровско езеро со прекрасен поглед достапна за изнајмување

Дали сте слушнале за Студенче? Населба покрај мавровското езеро која тимот на Кајак.мк ви ја препорачува за активно да го искористите вашиот одмор. Зошто Студенче? Затоа што има пешачки и велосипедски патеки, а месец ноември па и дел од декември е идеален за движење во природа.


За време на зимскиот период, ние ќе се потрудиме да ви дадеме еден куп совети и начини како барем за викенд да побегнете од загадениот градски воздух и да го прочитете вашето тело со чист воздух. Што се однесува до зимскиот период ова шумско патче кој на некој начине кружна патека над Леуново е идеална за турно и нордијско скијање.

Патот е маркиран, и заради тоа што станува збор за шумско технички пат, ориентацијата воопшто не е проблем. Подлогата е удобна за движење како за пешачење, така и за возење велосипед. Заради тоа што е поставена во шумскиот појас, движењето е пријатно во текот на целиот ден. Извори со вода за пиење има на две места, но патот минува и покрај повеќе потоци. Нема технички тежини.

Кога сме веќе кај Студенче, сакаме да ве запознаеме со вилата на Бобан која се наоѓа на извонредна локација. 

Вилата располага со 3 соби и тоа, во првата има брачен и единечен кревет, во втората три единечни, во третата два единечни кревети. Викендичката се состои од два спрата. На првиот спрат има дневна, кујна, тоалет и 2 тераси од кои едната тераса е со поглед кон езерото. На вториот спрат има 3 спални соби и две тераси. Викендичката има интернет и телевизија (Макс Тв), скара, топла вода и парно греење на струја. Има приватен паркинг.

Вилата има капацитет за 10 лица. Повеќе информации од вилата, фотографии од истата и можност да резервирање можете да најдете со еден клик ОВДЕ. 



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?