26.02.2021

Пчеларникот Јасен го очекува новиот старт на сезоната

Пчеларникот Јасен го очекува новиот старт на сезоната

Мистериозниот заштитен природен резервоар никогаш не бил толку интересен за истражување како што е денес. Затворените граници не натераа да се фокусираме да го истражуваме тоа што го имаме дома.


Повеќенаменското подрачје спаѓа во категоријата на посебни природни предели, формирани заради заштита на определени биоценолошки, флористички, фаунистички, геолошки и хидролошки природни реткости. Во "Јасен" не се преземаат дејствија што би можеле да ја нарушат природната рамнотежа во екосистемите, односно да ги изменат основните автентични карактеристики на еволуциониот развој во целина. 

Во ова четиво, ние се фокусираме на нешто кое самата природа го прави. На пчелите кои живеат во овој регион. Нашиот тим ве запознава со пчеларникот „Јасен“ кој се наоѓа во непосредна близина на селото Нова Брезница.

Доколку се решите да го посетите ова село, би сакале да ве информираме дека во непосредна близина се наоѓа и позната Ледена пештера. Ова пештера е доста интересна бидејќи се наоѓа во најинтересните и најзначајни предели во Македонија.

Што значи дека во овој регион можете да го посетите селото Нова Брезница, пештерата и секако пчеларникот Јасен кој го очекува стартот на новата сезона.

До пчеларникот може да престигнете по патот за Марков манастир и преку населбата Соње.


Активностите на пчеларникот започнуваат од месец Мај, а во него може да се најдат многу услуги како терапија со апикомори. Терапијата се состои од вдишување на аеросоли, кои се мешавина од повеќе корисни и здрави елементи од пчелното живеалиште, како што се прополисот, нектарот, етеричните масла, флавоноидите, медот, восокот, матичниот млеч, поленот и други лековити материи. За да се користат апикомори, околината мора да биде чиста.

Медот, поленот, прополист се  веќе познати корисни производи од пчелата, и воздухот што го создаваат околу нивните сандачиња е лековит. Таканаречената „Air therapy“ се спроведува во специјални АПИ комори кои веќе се отворени и во Македонија. Покрај Русија, оваа терапија се користи и во Германија, Бугарија, Австрија, Словенија и Босна и Херцеговина. Полезна за секој, а особено за белодробни заболувања.

Повеќе информации за пчеларникот ќе објавиме пред самиот старт на сезоната. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден

Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.

Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија

Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.

Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации

Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?

Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?

Август во Македонија: Каде да патувате кога сакате лето, но не и гужва?

Откријте ги најдобрите места за патување во Македонија во август – езера, планини, села и природа за совршен летен одмор без гужва.