02.03.2022
Две жени со свој таен рецепт за природен и квалитетен маџун
Две жени со свој таен рецепт за природен и квалитетен маџун
Маџунот можете да го нарачате ОВДЕ.
Регионот на
Тиквеш е познат по доброто вино, ракијата, разните алкохолни пијалоци од грозје,
но и по квалитетниот маџун.
Тимот на Кајак.мк разговараше со семејството Параџик, чие презиме стои на новиот вински бренд „Подрум Параџик“. Во оваа семејство ќе ги сретнете Маре и Николинка, снаа и свекрва кои со години се врзани за производството на природен маџун од гроздов сок.

За маџунот кој го произведуваат, тие велат дека засега е наменет за сопствени потреби и за блиски соработници и потесниот круг во фамилијата, но имаат амбиции истиот да биде достапен за поширока продажба.

Процесот на производство на маџун не е така едноставен, ако веќе имате за цел да направите производ кој што ќе биде квалитетен и препознатлив за купувачите треба да го подигнете производството на едно повисоко ниво, велат тие и додаваат дека за производство на маџун како потребно да имате квалитетно грозје што е помалку третирано со синтетички фунгициди, а се друго останато е тајна и занает кој се пече.

Процесот започнува со гмечење на грозјето, цедење на сокот од гроздовата каша и најважно е целиот процес да се одвива постепено, односно испарувањето на водата, концентрацијата на шеќерите и сите комплексни соединенија кои ги содржи гроздовиот сок да се одвиваат на пониска температура, за да не дојде до оксидација на шеќерите кои како такви не се полезни за човечкот организам.

Во „Подрум
Параџик“ маџунот се прави од сортата „Вранец“.
Маџунот најчесто го бараат и купуваат луѓе коишто имаат проблеми со дишните органи, нарушена функција на хепар или инфекции на респираторниот систем. Исто така се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај децата. Како што велат од „Подрум Параџик“ засега производството нема комерцијален карактер, годинава се направени само пробни 50 до 60 литри со посебна технологија за потесниот круг од семејството, а еден дел е искористен за промоција. Но велат дека од оваа реколта која што доаѓа (2022) имаат цел да произведат поголема количина која ќе биде наменета за широка продажба.

Покрај природниот маџун, „Подрум Параџик“ произведува и продава вино. Одговорноста за виното ја презема Блаже Параџик кој е син на Маре, а сопруг на Николинка.

Блаже ни
раскажува дека приказната за „Подрум Параџик“ датира одамна кога виното се произведувало
за свои потреби. Иницијативата да отпочнат со производство на пијалоци била на неговиот
татко Иво, за кој Блаже вели дека е главниот виновник за развојот на
приказната.
Следејќи го сонот на негиовиот татко, Блаже дипломирал како енолог и ја презел целата работа околу производство на виното и контрола на квалитетот. Што се однесува до производството, ангажирани се сите во семејсвото, почнувајќи од неговите родители, сопругата, а понекогаш и блиските роднини.

Во винаријата покрај виното се произведувата и жолта ракија и вињак за кои се горди. Блаже вели дека се стремаат да ја подигнат винаријата на едно повисоко ниво. Цел им е да ја преместат винаријата каде што им се наоѓаат лозовите насади и да отворат соба за дегустација и прием на гости заедно со сместувачки капацитет.

Засега е задоволен од производството и вели дека секој кој е заинтересиран може да ги контактира преку социјалните мрежи и да ги посетат во винаријата каде ќе може да се запознаат со процесот на производство на секоја сорта на вино и да го дегустираат пред истото да го купат.


Нивните вина во
моментов можете да ги најдете во специјализирани продавници за вино во Скопје,
како и во центарот на Кавадарциво винотеката каде може да се дегустираат вина
од тиквешниот регион произведени од мали семејни винарии.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.