22.11.2023

Со години го обработувам македонскиот рубин: Највредното камче на Македонија (втор дел)

Со години го обработувам македонскиот рубин: Највредното камче на Македонија (втор дел)

Со порастот на македонската туристичка промоција, со откривањето на Македонија како нова непозната дестинација, работите започнаа да се менуваат на подобро. Улога во тоа имаат и социјалните мрежи, а значителен дел од клиентите на македонскиот рубин се и беа нашите иселеници кои инсистираат на накит со Македонски Рубин. На тоа се надоврзаа странците кои од ова патување сакаа да имаат нешто што не може да се најде на ниедна друга локација. Следуваше будење на интересот за веренички прстен со Македонски Рубин, подарок за јубилеј, благороден деловен или дипломатски подарок. Со тоа растев и јас и целиот свет околу мене. Цветот за Принцезата Рани од народот Хунзи (2008), Крстот за Папата Бенедикт 16 ти (2009), Крстот за Папата Франческо (2015), Крстот за рускиот Патријарх Кирил.  Дерил Хана, Изабел Ипер и Жулие Бинош добија Приврзок со Македонски Рубин при нивното учество на Фестивалот Манаки во Битола.


Македонскиот Рубин се појави и како силен катализатор на процесот на ревитализација на занаетчиството, особено за спас на вековната традиција на изработка на сребрен филигран. Тоа дополнително ја зајакна неговата препознатливост, а многу нови млади и талентирани поединци си обезбедија целосна или делумна живеачка благодарение на нашето највредно камче.


Дизајнот се креираше и под влијание на традицијата, но и по сугестиите на клиентите. Новата генерација артисти внесе нов пристап кон дизајнот. Иако како постојан предизвик остана способноста за изработка на класични форми. Слично како во музиката: за да свириш класична музика потребно ти е многу повеќе работа на себе и вежбање. Но во рокенрол сферата, можеш да “се провлечеш“ и со три акорди и да живееш од нив…

Тоа што живеев 10 години во Италија ме научи дека треба да бидеме креативни, снаодливи и работливи. Треба да бидеме вредни занаетчии, угостители и производители на се и сешто.

Тимот на Кајак.мк му посакува на Деан едно огромно добредојде во нашиот свет. За оние коишто сакаат да го посетат дуќанот на Деко и бидат дел од неговата приказна, може да најдат повеќе информации со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.