22.03.2022
Нашите амбиции се да го прославиме Прилеп по квалитетното вино
Нашите амбиции се да го прославиме Прилеп по квалитетното вино
Многу од коментарите на гостите кои нè посетиле се засноваат на тоа како може во Прилеп да има винарија која произведува толку квалитетно вино, вели Илија, човекот кој ни ја раскажа приказната на „Винарска Визба Пирган“.

Пирган е бизнис кој зрачи од 2001-та година, а кој го започнува Златко Пирганоски, човекот кој во Прилеп е познат по своите бизнис амбиции, но и по неговата мислија и желба да произведува добро и квалитетно вино.

Илија вели дека идејата за отворање на винаријата започнува од 1999 година, а официјлниот старт го бележаат во 2001 година кога е регистрирана винаријата.

Вината кои ги
произведува „Пирган“ може да се дегустираат во нивната винарска визба која од
денеска е дел од базата „Гастромонија“ на Кајак.мк. Илија вели дека како најпознати се истакнуваат „Вранец“ кој има 16 отсто алкохол, и „Chardonnay“ кој е со 15 отсто алкохол, а ги додава и „Мерлот“
и „Cabernet“ кои се во лимитирана
количина.
Пирганоски вели дека Прилет е нетипичен град за винарија, бидејќи кога ќе се спомене винарска визба или винарија, луѓето се асоцираат на тиквешкиот регион, па оттука се и позитивните импресии на гостите коишто ги посетиле и го дегустирале нивното вино.

Нивното првенствено производство е фокусирано на виното од сортите Вранец, Кабернет, Мерлот, Шардоне, Темјаника, Смедеревка. Најзначајно за нив, како што вели Илија е да понудат убаво и квалитетно вино и затоа вложуваат во технологија за да може изработката на вино да се подигне на повисоко ниво и подобар квалитет. Покрај виното произведуваат и жестоки пијалоци како ракија, текила, водка, мастика, узо, бренди, ликери.

За оние коишто се заинтересирани да ја посетат винарската визба, треба да знаат дека таа се наоѓа на излезот од Прилеп на патот кон Македонски Брод.

Информации за
контакт, можете да најдете нсо еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Nikolce zdraveski
22.03.2022 16:48
Edna od najdobrite vizbi vo Makedonija. Bravo za site vina. Za mene najdobrata temjanika a i site ostanati, so odlicen miris i vkus. Pozdrav i mnogu uspeh na kompanijama Pirgan
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!